Здружението за граѓани „Младите можат“ организираат младинска конференција насловена „Да си посакаме подобро ментално здравје во новата учебна година“. Конференцијата ќе се одржи на 31 август, среда, со почеток од 13 часот.
Во просториите на скопската Еurope House , во рамки на конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од анализата на моменталната ситуација за „Средношколците и пристапот до услуги за ментално здравје“, а ќе биде отворено и прашањето за тоа на кои препораки потребно е да се работи за да се подобри грижата за менталното здравје меѓу младите.
„На почетокот на секоја училишна година, ние посакуваме учениците да имаат одличен просек, академски успех, да обрнуваат внимание на часовите… Но, за да можат тие да го постигнат тоа, пред сè тие треба да имаат добро ментално здравје и да знаат како да одржуваат соодветна ментална хигиена“, велат организаторте.
За учество, заинтересираните треба да се пријават преку формулар за учество.
Присутните ќе имаат можност да развиваат дискусии и да ги изнесуваат своите искуства и ставови на кои наишле преку работата со млади, или искуствата кои ги имаат како млади луѓе.