На 9-ти јануари со почеток во 10 часот, на Европски Универзитет ќе се одржи конференцијата „Како да размислиш, намалиш, реупотребиш и рециклираш“.
Целта на конференцијата е зголемување на свеста за значењето на циркуларната економија, која повеќе години е дел од приоритетите и стратешките документи на Европската Унија, а е приоритет и за македонските компании и институции со цел да се зајакне свеста и целокупната економија да се ориентира кон циркуларна економија.
Циркуларната економија претставува нов економски модел кој е фокусиран на дизајнирање и производство на конкурентни материјали за повторна употреба, преработка и рециклирање. Таа е алтернативна на традиционалната линеарна економија, и во неа ресурсите се користат што е можно подолго и максимално се искористува нивната вредност, а потоа од нив се обновуваат и создаваат нови производи и материјали.
Регистрацијата за учество е во тек.