Со Конференција за млади и образование, Младинскиот образовен форум утре (26-ти декември) ќе го одбележи 20 годишното постоење и работа. Конференцијата почнува од 10:00 часот во City Hall Center – Multimedia Center, а ќе се одржат три панел-дискусии.
Агенда:
10:00 – 10:30 часот: Регистрација и отворање на Конференцијата
10:30 – 11:30 часот Неформално образование: коректив или интегрален дел од образовниот процес?
Говорници: Споменка Лазаревска – основачка на МОФ, Фондација Отворено општество – Македонија,
Сандра Анастасовска Кузмановски – поранешна претседателка на МОФ,
Митко Димовски – директор на СУГС „Орце Николов“
Нами Исаки – Извршен директор на ЦИД – Куманово,
Михаела Трајкоска – Дебатер, Младински образовен форум
Модератор: Стефани Спировска, Претседателка на МОФ
11:30 – 12:30 часот: Иднината на образованието – што (мора да) следи?
Говорници: Арбер Адеми – Министер за образование и наука во Република Северна Македонија,
Патриција Ди Џовани – претставничка на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија,
Дона Костуранова – поранешна Извршна директорка на МОФ,
Илија Жупаноски – поранешен Извршен директор на МОФ,
Модератор: Димитар Низамовски, Извршен директор на МОФ
12:30 – 13:30 часот: Младински прашања кои (допрва ќе) стануваат приоритети
Говорници: Ивана Туфегџиќ – Пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија,
Владимир Петрушевски – Проректор за наука на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Марјан Забрчанец, поранешен Извршен директор на МОФ,
Ајше Ајрулаи – Раководителка на сектор во Биро за развој на образование,
Гордана Коловска – Генерален секретар на Национален младински совет на Македонија
Модератор: Теодора Столевска, Програмска координаторка во МОФ
Ова е последниот од низата настани за прославување на дваесеттиот роденден на МОФ, меѓу кои: осмото издание на ENGAGE – Конференција за социјален активизам, Станица: Студентска 7.0, Младинската Академија, Дебатниот турнир за почетници, како и деветтото издание на Аргумент: Организирано изразување.
Тимот на МОФ веќе 20 години работи на развивање на критичката мисла на младите, се бори за слободата на изразување и го поттикнува младинскиот активизам.