„Тепани, претоварени, изгладнувани, умираат без капка вода, секојдневни робови на вжештениот асвалт! Која цивилизирана земја го третира ова за подразбирливо, прифатливо, нормално? Прашуваме како е можно се уште државата да биде целосно инертна и го игнорира секојдневниот проблем на злоупотреба, преработување, искористување на коњите како превозно средство и средство за влечење товар во Македонија. Во меѓувреме ова се снимки и слики од улиците врз основ на кои може да процените сами дали овој проблем смее и понатаму да се премолчува“.
Ова е реакцијата на здружението „Анима Мунди“, откако денеска беше објавено дека починал коњ на скопските улици, додека влечел запрежна кола.
Од здружението инсистираат на итни мерки за да се спасат коњите и носење забрани за нивна употреба во урбани средини, затоа што ја загрозуваат колективната безбедност и потсетуваат дека веќе е поднесена иницијатива до сите надлежни институции со пресек и усогласување на повеќе законски акти, која се игнорира.