Иницијативниот одбор (ИО) за основање на Национален младински совет (НМС) распишува конкурс за избор на двајца надворешни членови на комисијата за верификација на исполнување критериуми за членство на организации кандидати за основачко Собрание на Национален младински совет.
Комисијата за членови е привремено тело чија улога е верификација на исполнувањето на условите на сите организации кандидати-членки на основачкото Собрание на Националниот младински совет. Комисијата за членови ја сочинуваат 5 члена, кои се делегати на 5 организации претставени во комисијата. Три од делегатите се претставници на организации кои се членки на Иницијативниот одбор за основање на Национален младински совет, додека два од делегатите се претставници на организации кои не се дел од одборот. Изборот на надворешните претставници од пријавените кандидати го вршат членките на ИО на НМС.
Членовите на Комисијата за верификација на критериуми за членство ќе треба согласно предлог-статутот на Националниот младински совет да ги прегледа сите пристигнати апликации на повикот за членови на основачкото Собрание кое ќе се одржи во јуни 2013.
Членовите на комисијата ќе треба да извршат преглед на доставените документи, проверка на информации во истите, да реализираат барања за дополнителни матријали доколку се потребни, и да подготват извештај за статусот во однос на критериумите за членство на сите организации кои се пријавиле. Извештајот ќе биде поднесен од ИО на НМС:
ИО на НМС ги охрабрува сите организации за млади или младински организации да номинираат свој претставник за Комисијата за верификација на критериуми за членство со следните документи
– CV на делегатот на организацијата
– Пополнет формулар за пријавување
– Писмо со поддршка од организацијата
Сите заинтересирани oрганизации може да се пријават на info@nms.org.mk , најдоцна до 10ти мај 2013 година (петок),
Комисијата е привремено тело чија функција е проверка на исполнувањето на условите на организациите кои аполицираат за учество на основачкото Собрание на Националниот младински совет.
Преземи Формулар за пријавување.