Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), по повод својот јубилеј го објавува петтиот конкурс за биофотографија на тема „Микросвет“.
Како главен мотив на делата треба да бидат различни видови на безрбетници како што се инсекти, пајаци, скорпии, полжави, црви, односно претставници од микрофауната.
Право на учество имаат сите без разлика на возраст, пол, националност и верска припадност. На секоја испратена фотографија мора да стои воден печат со името или симболот на авторот.
Заедно со фотографиите се испраќаат и личните податоци за авторот кој може да испрати најмногу две фотографии што претходно не биле наградувани или објавувани.
Организаторите потенцираат субјектот или појавата во фотографијата треба да се фотографирани во природна (нормална) состојба. Сценирани или фотографии со вештачка сценографија, нема да влезат во изборот за конкурсот.
Организаторот го задржува правото да ги објавува фотографиите во своите јавни публикации и изданија, а оние дела кои не ги исполнуваат условите или ќе добијат гласови прекy т.н. Like-генератори на FB ќе бидат дисквалификувани.
Награда за освоено прво место е ваучер за бесплатно учество на 15- дневната истражувачка акција на ИДСБ. Второнаградениот ќе добие ваучер за бесплатно учество на еднодневна истражувачка акција на ИДСБ, а награда за трето место е промотивен материјал на ИДСБ (зборници, годишни билтени, научни списианија, брендирана маичка,капа и др.).
Конкурсот ќе трае 20 март 2015 година. Фотографиите треба да се пријават на e-mail адресата biofotokonkurs@gmail.com по што ќе бидат поставени на Facebook страницата. Конкурсот ќе се затвори со изложба и прогласување на победниците.