Конкурс за дела за Годишниот Уметнички Фестивал

МКЦ и Град Скопје распишуваат јавен повик за учество на Годишниот уметнички фестивал за изложби и фестивал посветен на современите визуелни уметности, аудиовизуелните и сценските уметности.

„Пријавување со скица, фотографија или опис на проектот, делото ( инсталација, скулптура, објект, проекција, фотографија и др.) Е до 3ти септември на: info@mkc.mk. Повеќето од делата треба да се предвидени за поставка во дворот или на платото на МКЦ. Учесниците ќе бидат избрани од трочлена комисија, а на избраните учесници им следува одредена стратешка помош и авторски хонорар. Проектите кои содржат навредлива, несоодветна и неморална политичка , верска, национална и родова конотација нема да се земат во предвид“, велат од МКЦ.

CreArt (Мрежа на градови за уметничко творештво) е мрежа на европски градови со средна големина, предводена од Ваљадолид (Шпанија), која работи од 2012 година, со цел да ја поттикне креативноста и да го максимизира економскиот, социјалниот и културниот придонес што визуелните уметности можат да го дадат во нивните локални заедници, преку соработка во постојана програма за европска размена за нови креатори.

Град Скопје е составен дел од меѓународниот проект CreArt 3 (Network of Cities for Artistic Creation )-Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво) што претствува европска мрежа која обединува 13 градови и од јавни и приватни културни институции.