Конкурс за доделување грантови за здруженија и неформални групи

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува конкурс за доделување грантови за здруженија, неформални групи, коалиции и локални активистички јадра кои преку своите проекти ќе придонесат кон зајакнување и мобилизација на граѓаните за подобрување на демократските практики на локално и национално ниво.

Целта на овој конкурс е да обезбеди поддршка на организациите, неформалните групи и активистите во нивните напори за вклучување на граѓаните во процесот на носење одлуки, барањето отчетност од институциите и обезбедувањето граѓански одговор на опаѓачките демократски вредности во државата. Вкупниот фонд на средства за грантови е 100.000 американски долари (максималниот износ за проект е 10.000 амeрикански долари). Проектите треба да бидат реализирани во период од 6 до 8 месеци (од 1 август 2016 до 31 март 2017 година).

Со овој конкурс ќе се поддржат предлог-проекти кои се иновативни и ќе постигнат видливо влијание, и кои:

∙           ги промовираат вредностите на отворено општество;
∙           покажуваат посветеност кон вклучување на граѓаните и развиваат ефективни стратегии за ангажирање или мобилизирање на граѓаните;
∙           нудат креативни и ефективни стратегии за пристап до информации и придонес кон политиките;
∙           применуваат, кога е соодветно, стратегиско користење на медиумите во промоција на целите;
∙           промовираат интегративен пристап со фокус на етникумите, родот и лицата со посебни потреби;
∙           обработуваат комплексни прашања поврзани со актуелните реформски и општествени состојби.

Проектите треба се однесуваат на прашања поврзани со: значајни локални теми; промовирање и заштита на човековите права; пристап до сервиси и услуги за ранливите групи граѓани; набљудување на регулаторните и контролните механизми; и отчетност во трошењето на јавните пари.

Апликацијата за пријавување на конкурсот е достапна на: http://www.fosm.mk/mk/Home/NewsArticle?newsID=6105&catID=2

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 1 јули 2016 година (петок).
Апликациите треба да се поднесат електронски, во word и pdf формати, на следнава адреса: martin.aleksoski@fosm.mk. Здруженијата задолжително да достават и копија од документите за регистрација од Централен регистар на РМ.
За дополните прашања, лице за контакт е Мартин Алексоски, а бројот е  02/2477-175. Апликациите пристигнати по предвидениот рок нема да бидат разгледувани. За пристигнатите апликации по конкурсот ќе одлучува комисија составена од претставници од ФООМ.