Во тек е конкурсот за доделување на стипендии за едногодишни постдипломски студии од втор и трет циклус на јавните високо образовни установи во Франција, за академската 2015-2016 година, информираат од Министерството за образование и наука.
Стипендиите се наменети за македонските граѓани, а ги обезбедува Владата на Франција. Предност имаат кандидатите што ќе се запишат на студии коишто се дефицитарни или пак, не постојат во Македонија.
Пријавувањето трае до 30 април, а повеќе информации за условите, критериумите, потребните документи и пропишаните обрасци за аплицирање се достапни на специјализираниот интернет портал за стипендии на МОН – www.stipendii.mon.gov.mk, како и во Одделот на КампусФранс при Францускиот институт во Скопје.