ИНФО СЕГА ги повикува младите луѓе да се вклучат во натпреварот за најдобра фотографиja со цел да се промовира каузата на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“, каде победничката фотографија ќе биде наградена со 15 000 денари.
На натпреварот можат да учествуваат ученици, студенти и државјани на Република Македонија, на возраст од 14 до 29 години. Ова е одлична можност за оние кои поседуваат талент и се умешни во користењето на фото камери креативно да се изразат. Фотографиите треба да ја претставуваат темата „Младинско информирање“ и истите може да бидат направени за време или помеѓу активностите на кампањата.
Сите испратени фотографии на 10-ти март 2016 г. ќе бидат споделени на фан страната на ИНФО СЕГА, а во периодот од 10-ти до 20-ти март 2016 г. ќе се одвива изборот на најдобра фотографија преку социјалната мрежа Facebook. Првите 10 фотографии од натпреварот на Facebook ќе бидат разгледани од комисија составена од Агенција за млади и спорт и ИНФО СЕГА, кои ќе ја одберат најдобрата фотографија. На победникот од натпреварот, Агенцијата за млади и спорт ќе додели парична награда во висина од 15 000 денари.
Вашата фотографија испратете ја во „jpg” или „png“ формат на следнава е-маил адреса: infosega@infosega.org.mk со назнака: За Натпревар за најдобра фотографиja на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!”.
Заедно со фотографијата треба да ги испратите и следните податоци:
- име и презиме на учесникот;
- телефонски број;
- датум кога е снимена фотографијата;
- местото каде е фотографирана;
- објаснување на мотивот за фотографијата.
Натпреварот за избор на најдобра фотографија е отворен од 28 март, 2016. За подетални информации можете да се oбратите на infosega@infosega.org.mk.
Кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.