Повикот е отворен за фотографи под 24 годишна возраст и студенти по фотографија.
Стипендијата „Ian Parry“ им овозможува на млади фотографи да изберат свој проект и да го изградат својот интернационален профил.
Првото место добива награда од 5,363 долари, а второто место добива 766 долари. Меѓу другото, магазинот Sunday Times ќе објави дел од фотографиите кои учествувале на натпреварот, додека Reportage by Getty Images ќе го додаде победникот во својата онлајн група Emerging Talent.
Победникот исто така, ќе учествува на мастерклас во Амстердам, а компанијата Canon ќе обезбеди опрема.
Учеството е бесплатно, а крајниот рок за аплицирање е 7 јули. Повеќе информации се достапни на овој линк.