Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта“ објавува два јавни повици за избор на најдобар мултимедијален производ и најдобра новинарска статија на тема „Трговија со луѓе“.
Јавен повик за најдобар мултимедијален проект:
Младите од Македонија може да аплицираат на конкурсот со мултимедијален производ кој што користи компјутер и било која комбинација од три или повеќе од следниве дигитални медиумски видови: текст, звук, видео, графика и анимација. Креативниот и иновативниот мултимедијалниот производ треба да биде од едукативен и информативен карактер и да ја обработува темата трговија со луѓе.
Право на учество имаат младите на возраст од 14 до 23 години, здружени во тимови или индивидуално. Учесниците може да конкурираат со еден или повеќе мултимедијалени производи. Форматот на производот мора да биде компатибилен со YouTube.
Сите селектирани мултимедијални производи ќе бидат публикувани на социјалната мрежа Фејсбук на „Отворена Порта“. Со ставање лајк, онлајн публиката ќе го одбере најдобриот мултимедијалени производи кој ќе биде награден со 200 евра. Другите 2 најдобри идеи ќе бидат селектирани од стручно жири и ќе бидат наградени со парична награда – 150 евра за второ место и 100 евра за трето место.
Кандидатите треба изработениот продукт да го испратат на: lastrada@lastrada.org.mk; stojne@lastrada.org.mk најдоцна до 31 мај 2017.
Целосниот повик, детали и информации за контакт можете да најдете ОВДЕ.
Јавен повик за најдобра новинарска статија:
Здружението на граѓани „Отворена Порта‘‘ распишува јавен повик за избор за најдобра новинарска статија на темата „Трговија со луѓе“. Оваа награда има за цел да придонесе во борбата против трговијата со луѓе и да ја зголеми јавната свест во однос на овој проблем и да ја подобри идентификацијата.
Сите заинтересирани новинари од печатените, електронските и интернет медиумите, најдоцна до 5 октомври 2017 до 24 часот, имаат можност да аплицираат за наградата.
Секој апликант може да поднесе една или повеќе статии објавени во периодот од 1 декември 2016 до 30 септември 2017 година.
Новинарските статии треба да ја обработуваат темата трговија со луѓе и да претставуваат автентично новинарско истражување спроведено од самиот автор; да претставуваат синтеза од повеќе проверени извори; да имаат свое влијание врз јавноста/или да предизвикале општествена акција; да ги запазат етичките стандарди.
За најдобрите новинарски статии ќе бидат доделени парични награди од: 450, 350 и 250 евра во денарска противредност.
Потребно е да се достави еден примерок во изворниот формат и 2 копии по пошта или лично до: Отворена Порта, ул.„Сава Ковачевиќ“ 1а, 1000 Скопје или по електронска пошта на: lastrada@lastrada.org.mk, најдоцна до 5 oктомври 2017 до 24:00 часот.
Целосниот повик, детали и информации за контакт може да најдете ОВДЕ.