ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за музичка дејност, објавува конкурс за организирањe концерти под програмски наслов „Македонски музички текови“.
Под нив спаѓаат концерти од современи музички жанрови, што ќе се реализираат во текот на 2023 година, a сo цел развој и афирмација на музичката дејност во Македонија.
„Право на учество имаат сите заинтересирани музичари, изведувачи, групи или поединци. Заинтересираните на ЕДЕН ворд документ да достават сосема кус концепт за проектот, куса биографија и контакт информации. Апликацијата да се достави на e-mail-от muzicka@kic.mk, а конкурсот трае до 20 февруари 2023 година“, стои во повикот.
Селекцијата на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.