Никулец отвори конкурс за најдобра фотографија, во Вес Андерсон концепт на кој може да учествуваа секој љубител на делата на Вес Андерсон.
„Го викаат мајстор на извонредна филмска тага, кој се справува со свет, светкав и совршен. Виртуозот, во истовремено прикажување на патетиката како болна и духовита, со толку карактеристичен стил. Секогаш знаете кога гледате филм на Вес Андерсон.
Училиштето за мудрости и вештини, инспирирано од неговата енигматската режисерска естетика – пастелите, боите, симетријата и смелите текстури, ги повикува сите љубители на делата на Вес Андерсон, да земат учество на пријателскиот – „Конкурс за најдобра фотографија во Вес Андерсон концепт“, се наведува во повикот за учество на конкурсот.
Според правилата за учество, фотографиите мора да се согласуваат со универзумот на Вес Андерсон и да ги одразуваат техниките, карактеристични на неговиот стил. За таа цел училиштето Никулец подготви Водич во филмовите на Вес Андерсон, кој треба да помогне во подобро запознавање со неговата техничка прецизност.
Фотографиите мора да бидат лично дело на авторот, а секој учесник може да учествува најмногу со 3 фотографии во дигитален .jpg или друг формат, со висока резолуција.
Краен рок на испраќање на фотографии е 10 мај, 2015, а треба да се испратат на pandora.prut@nikulec.com, до секретарката на Пандора Прут, каде можат да се побараат и дополнителни информации.
Училиштето Никулец потоа ќе организира изложба на доставените фотографии на Вес Фест – настан посветен на делата на Вес Андерсон. Изборот за најдобра фотографија, ќе се одвива со гласање на Вес Фест од самите љубители.
„Доколку сте уметник, инспириран од Анџелика Хјустон, од дисфункционалното семејство на Бил Мареј и начинот на кој се нурнува во длабочината на морето, како и од тивки фотографии на совршена симетрија, откријте дека не сте сами“, порачуваат од Никулец.