Младинската еколошка организација Гоу Грин распишa конкурс за најдобар есеј на тема „Одржлив транспорт-составен дел од транзицијата кон чиста енергетска иднина во Македонија“.
Крајниот рок за испраќање на есејот е 13 Јуни (сабота), 16:00 часот на info@bidizelen.org·
Право на учество имаат сите млади луѓе од 16 до 24 годишна возраст. Есејот треба да биде напишан во „Microsoft Word“ на македонски јазик и да содржи од 350 до 500 зборови. Компанијата ОКТА на победникот на конкурсо ќе му додели велосипед на Саемот за чиста енергија кој ќе се одржи на 16 и 17 јуни во ЕУ инфо центарот во Скопје.
„Целта на овој конкурс е да се стимулираат младите на иновативност во рамките на одржливиот развој и чистата енергија. Секоја година сме сведоци на енормното загадување во Р. Македонија предизвикано воглавном од производството на енергија од фосилни горива и сообраќајот. Потенцијалот на нашите простори за добивање на енергија од обновливите извори на енергија (сонце, ветер, вода, почва), како и одржливата инфраструктура за велосипдизам остануваат и понатаму неискористени.
Ве охрабруваме да ги изразите вашите знаења, идеи и решенија за како одржливиот транспорт да стане реалност во Македонија“, порачуваат од Гоу Грин.