Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје, соопштија дека распишуваат Конкурс за откривање и стимулирање млади таленти.
Конкурсот ќе трае во наредните пет месеци и ќе се состои од пет категории: книжевност, сликарство, театар, филм и уметничка фотографија.
Во овој месец сите заинтересирани ученици од основните и средните училишта од земјава можат да достават неограничен број свои ликовни прилози во форма на честитки, цртежи или разгледници на следниве пет теми: „Македонија“, „Скопје“ „Нова година“, „Книга“, „21 век“. Истите теми се и за литературните прилози (поезија, проза, есеј, пиеса, бајка…), како и за краток драмски текст, мини синопсис за филмско сценарио и оригинална уметничка фотографија.
Прилозите треба да се доставуваат или испраќаат на следнава адреса: Издавачка куќа Феникс, ул. Костурски херои бр.35, 1000 Скопје, а рокот за доставување и испраќање на трудовите е 20 декември .
Наградите ќе се состојат во дипломи и комплети книги, а ќе бидат наградени авторите, менторите и најактивните училишта.
Во јануари ќе биде распишан нов конкурс, а во текот на наредната година избраните ученици ќе настапат на новиот фестивал „Млади таленти“.