Конкурс за „Предизвик за социјална иновација“ на Dell

Предизвикот за социјална иновација на „ DELL“ има цел да ги претвори студентите во активни социјални иноватори. Студентите ќе се натпреваруваат за парични награди за да ги претворат своите проекти во реалност и да се поврзат со светската заедница на професионалци.

Конкурс за „Предизвик за социјална иновација“ на Dell

Може да учествува секој додипломец или постдипломец, од кој било универзитет во светот. Студентите може да учествуваат со проект во било која фаза, без разлика дали се работи за идеја или веќе  е реализиран.

Првата награда изнесува 10.000 долари, втората изнесува 5000, третата и четвртата се по 2.500 долари, а дополнителни десет проекти ќе добијат награди од по 1000 долари.

Пријавувањето трае до 23 септември 2013 годинаПовеќе информации на следниот линк:
http://www.dellchallenge.org/learn/faq