Министерството за образование и наука го распиша Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година.
Оттаму посочуваат дека според Протоколот за работа во услови на справување со вирусот Ковид -19, во една соба ќе се сместуваат 50% ученици од вкупниот капацитет на собата и право на сместување ќе имаат само учениците кои имаат настава со физичко присуство или комбинирана настава.
„Доколку во текот на учебната година се надмине пандемијата и ќе се створат услови за сместување со полн капацитет, во домот ќе се сместат сите ученици кои стекнале право на сместување со Конкурсот“, посочуваат од МОН.
Првенство при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во I, II, III или IV година во Државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови на Република Северна Македонија.
Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во II, III, IV година почнува од 24.06.2021 година и трае до 01.07.2021 година, а рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во I-ва година почнува од 02.07.2021 година и трае до 9.07.2021 година.
Учениците, кои имаат поднесена електоронска апликација комплетната документација ја доставуваат од 04.07.2021 година до 15.07.2021 година, во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување.
Учениците со посебни образовни потреби кои се сместуваат во домовите “Искра” Штип, “Партенија Зографски” Скопје, „Димитар Влахов“ Скопје и “Свети Наум Охридски” Скопје, не пополнуваат електронска пријава и документацијата ја доставуваат во во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување од 10.07.2021 година до 20.07.2021 година.
По објавување на списоците со рангирани ученици по домови, учениците имаат право на приговор во рок од 3 дена кој се поднесува во Министерство за образование и наука.
Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 15.08.2021 година се додека има слободни места, за што Министерството за образование и наука континуирано на својата веб страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.
Подетални информации за условите и потребните документи се достапни на следниот ЛИНК.