Конкурс за создавање уметничко дело од отпад

Конкурсот „Trash for art 2015“ како и секоја година е одлична прилика за еколошки ангажираните уметници и креативци, кои сакаат својата приказна да ја раскажат низ стари лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии и други предмети од секојдневието што би ги фрлиле.

Конкурсот се фокусира на намалување на користењето, повторно искористување и рециклирање на амбалажниот отпад низ процес на креирање од кој низ годините произлегоа проникливи уметнички дела кои провејуваат со досетливост, креативност и вештина во изработката.

Оваа година организаторот на наградниот конкурс „Пакомак“, воведе мали промени во категориите и во правилата, но она што останува како константа е очекувањето креативците да творат во целосна слобода и да ѝ се препуштат на фантазијата, создавајќи уметничко дело од она во што повеќето гледаат само отпад.

Наградниот конкурс „Trash for art 2015“ е отворен за возрасни и деца кои ќе се натпреваруваат во три категории:

Градинки

Основни училишта

Поединци и останати институции (средни училишта, факултети, невладини

организации и други)

Во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди за најубаво креираните приказни од

амбалажен отпад:

I место – 30.000 денари

II место – 20.000 денари

III место – 10.000 денари

Делата треба да бидат изработени од минимум 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или различен тип амбалажа) и да бидат високи до 150 см. Еден учесник може да пријави и повеќе дела, но не може да освои повеќе од една награда.

 

Делата треба да се достават на 14 и 15 декември, од 12 до 20 часот, во Конгресниот центар Александар Македонски (Универзална сала) во Скопје, на Бул. Партизански одреди бб.

Наградените дела ќе бидат објавени на 16 декември на веб-сајтот на Пакомак и ќе останат во сопственост на Пакомак.

За повеќе информации посетете ја страницата на „Пакомак“.