Програмата за стипендии на Фондација Отворено општество го објави повикот за аплицирање за Civil Society Scholar Awards (CSSA) – стипендии за академската 2014-2015 година.
Со Civil Society Scholar Awards (CSSA)се овозможува поголема мобилност помеѓу студентите од повеќе држави во светот. Доколку сте магистрирани и сакате да го продолжите вашиот професионален развој на докторски студии како научник, наставник или јавен интелектуалец можеби токму Civil Scholar Awards е вистинското решение. Овие стипендии даваат можност и подршка и на иновативни проекти,истражување,подобра размена на идеи како и градење на меѓународни мрежи.
Стипендиите Civil Society Scholar Awards(CSSA) се достапни во повеќе земји, меѓу кои е и Република Македонија.
Предлози за било која област чии предмет е во рамките на општествените и хуманистичките науки се добредојдени, особено оние поврзани со правото, правдата и управувањето; одржлив развој и управување со природни ресурси ,економски права и зајакнување на јавното здравство, социјална работа и развој на заедницата, новиот закон за политика на медиумите; инклузивно образование; пост конфликт студии и човековите права.
Апликацијата и официјалниот конкурс можете да ги преземете во продолжение: АПЛИКАЦИЈА, КОНКУРС (англиски), КОНКУРС (македонски).
Повеќе информации околу аплицирањето може да дознаете и на www.opensocietyfoundations.org/grants/civil-society-scholar-awards.
Младински образовен форум е Административен центар на програмата за стипендии на Фондацијата Отворено општество