Министерството за образование и наука објави Конкурс за доделување стипендии на наставници од државните основни и средни училишта кои ќе запишат магистерски или докторски студии. Услов за стипендијата е да бидат запишани на некој од првите 200 универзитети во светот од областа на образованието според Шангајската листа или на листата на Quacquarelli Symonds (QS) од Велика Британија.
Краен рок за аплицирање за стипендија, за идната 2016/2017 учебна година, е 1 септември 2016 година. Стипендијата во целост ќе ги покрие трошоците за студирање, кои вклучуваат надомест на уписнината во висина од најмногу 40.000 американски долари на годишно ниво, месечен паричен надомест и еден повратен авионски билет.
Од МОН појаснуваат дека се работното место на наставникот кој ќе се запише на еден од овие универзитети ќе биде ставено во мирување. По завршувањето на студиите тој треба да се врати во Македонија и да работи во областа на образованието двојно од периодот за кој бил стипендиран.