Здружението Контрапункт и издавачката куќа Темплум распишуваат конкурс за текст за сликовница на тема „Попреченост“.
Текстот не треба да биде подолг од десет страници (околу 3.000 зборови) и може да биде и за деца и за возрасни.
Конкурсот трае до 30 април 2023 година, а наградата за најдобро оценетиот ракопис изнесува 1.000 евра.
Ракописите ќе ги оценува жири комисија во состав: Иван Велисављевиќ и Никола Гелевски, а добитникот на наградата ќе биде прогласен на 15 мај 2023 година.
Конкурсот се однесува на Србија и Северна Македонија.
Заинтересираните можат своите текстови да ги испратат на мејл адресата: templum.skopje@gmail.com
Проектот е поддржан од READ(Regional Network for Cultural Diversity) и Европската Унија.