Kонкурс за учесници на обуки за работни вештини за млади

Kонкурс за учесници на обуки за работни вештини за младиМладински образовен форум во соработка со Волонтерски центар Скопје, Капитал Медиа Груп, Општина Карпош и Општина Центар, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Програмата за развој на Обдинетите нации,  а во рамките на проектот „Гласот на младите, граѓански ангажман и учество на локално ниво“, распишува конкурс за учесници на циклус од шест обуки за јакнење на капацитетите на младите и зголемувањето на нивното активно учество во општествените процеси и процесите на носење одлуки.

Учесниците кои ќе ги посетат сите шест обуките ќе добијат сертификат.

Дел од нив ќе добијат можност и за волонтерство во организациите, институциите и компаниите кои го спроведуваат проектот.

Листата на обуки кои учесниците ќе можат да ги следат е:

-Управување со проектен циклус
-Социјално претприемништво
-Финансиска писменост и менаџирање на лични финансии.
-Менаџмент и брендирање на компанија
-Начин на работење на локална самоуправа
-Активно граѓанство и учество

За учество апликантите треба да бидат невработени и да бараат работа,  да се апсолвенти, дипломирани или магистрирани, на возраст до 25 години, како и да бидат во можност да ги посетат сите шест обуки.

Сите заинтересирани може да се пријават на obuki@mof.org.mk со испраќање на пополнета апликација и CV најдоцна до 21 ноември 2013. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 26 ноември.

Обуките се дводневни [8 часа вклучувајќи и паузи], а ќе се реализираат во Скопје за време на викендите на следниве датуми: 30 ноември – 1 декември, 7 – 8 декември, 14 – 15 декември, 21 – 22 декември, 2013 година; и 18 – 19 јануари, 25 – 26 јануари, 2014 година.

Бројот на учесници е ограничен. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик во соработка со Општина Карпош, Општина Центар и Капитал Медиа Груп. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите.

Повеќе информации за конкурсот:
Младински образовен форум 02 3139 692 Лок. 103, obuki@mof.org.mk.