Младинскиот оддел на Советот на Европа ги поканува сите млади активисти кои се засегнати од кршењето на човековите права, онлајн говорот на омраза, дискриминацијата и расизмот да се пријават за тренинг – курсот кој ќе се одвива во февруари и март 2013. Тренингот ќе се состои од е-учење, иницијативи за поддршка на кампањата против говорот на омраза, а ќе биде одржан и семинар во Будимпешта, од 6 до 14 февруари.
Тренинг – курсот има за цел да ги развие способностите на 30 онлајн активисти за акција против говорот на омраза, како и за онлајн-промоција и заштита на човековите права. Тренингот исто така цели да ги поттикне учесниците да преземаат иницијативи и да преземат активна улога во движењето „No Hate Speech“ на Советот на Европа.
Право на учество имаат младите од 18 до 30 години, со исклучоци, ако се оправдани. Предност ќе добијат младите кои веќе учествувале во вакви форми на активизам: блогери, активисти на социјалните медиуми, медијатори итн. Рокот за поднесување на пријавите е 7 февруари 2013. Сите кандидати мораат да се пријават онлајн, со пополнување на апликација. Пријавените ќе бидат известени дали биле одбрани до 15 февруари.
За повеќе информации, посетете го официјалниот сајт на конкурсот.