Конгресен центар „Александар Македонски“ објави Јавен повик за поддршка и промоција на предлог-проекти за реализација на Програмата за развој на креативните индустрии „7. Скопје креатива 2018 – 7 Times 2 Creativity / 7 пати до креативност“.
Програмата за развој на креативните индустрии „7. Скопје креатива 2018” треба да обезбеди промоција на вредности, производи и услуги од областа на креативните индустрии, како што се: дизајн (проект дизајн/ индустриски дизајн, графички, моден, мебел дизајн … (применети и функционални креации), визуелни уметности, културни локации, нови медиуми, креативно-едукативни услуги; изведбени уметности, аудио-визуелени уметности, традиционални културни изразувања, издавачки и печатени медиуми со акцент на применливото.
На конкурсот може да учествуваат правни лица регистрирани за вршење дејност од областа на културата и позитивната законска регулатива во Република Македонија и физички лица, кои делуваат во рамките на следните дејности: дизајн (продукт, графички, моден дизајн …); архитектура/ентериер; занаети; филм, ТВ, видео, радио, фотографија; ИТ-сектор, дизајн на софтвери, компјутерски услуги; издаваштво; музеи, галерии, библиотеки; огласување, маркетинг и друго.
На конкурсот се повикуваат учесници кои ќе аплицираат за целосна или делумна продукциска/финансиска поддршка, но и учесници кои не бараат никакви финансиски средства, а се пријавуваат за фестивалски настап со конкретен проект/активност.
За условите на финансирање, критериумите за учество и начинот на аплицирање заинтересираните кандидати, потребно е да ја преземат пријавата од официјалната веб-страна на „Скопје креатива“, истата во целост да ја пополнат, потпишат и заверат со печат (за правни лица); за физички лица -пријавата да ја пополнат и потпишат.
Конкурсот трае до 21 март.
Пријавите треба да се достават во адресирано плико до Ј.У. Конгресен центар „Александар Македонски“ (Универзална сала, Скопје), по пошта на адреса: бул. „Партизански одреди“ б.б. или лично во Архивата на Ј.У. Конгресен центар „Александар Македонски“ (Универзална сала, Скопје), најдоцна до 15 часот на последниот ден од завршувањето на КОНКУРСОТ (со назнака на пликото: За 7. Скопје креатива 2018).
Трудовите ќе ги оценува стручна Комисија.
За резултатите од Конкурсот подносителите на пријавите ќе бидат информирани во писмена форма во рок од петнаесет дена по истекувањето на конкурсот, поточно по донесувањето на одлуката за избор на најповолни понуди. Пријавите со непотполни податоци, како и тие кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледани.
Дополнителни информации и појаснувања може да се добијат на: info@kongresencentaram.mk, skopjekreativa15@gmail.com.