Конкурс за видеа на Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје, во соработка со асоцијацијата Метаморфозис и регионот Нормандија, го организира второто издание на конкурсот „моето мини-видео“.

Конкурсот е отворен за младите од 18 до 28 години (по можност франкофони или англофони), кои се интересираат за мултимедијалната сфера (потребно е да имаат смартфон со камера). Кандидатите треба да имаат желба слободно да го изразат нивното мислење на конкретна актуелна тема, годинава на тема слобода на изразување.

Најуспешните мини-видеа (3 мин.) ќе бидат прикажани на новото издание на Фестивалот на француски филм, кој ќе се одржи од 15 до 18 јуни 2016 година.

Победникот на конкурсот ќе биде гостин на фестивалот Off-Court  во Трувил, Нормандија, а воедно ќе добие и подготвителни часови по француски јазик од Францускиот институт во Скопје.

Две подготвителни работилници ќе се одржат на 12 и 13 мај 2016 година, а се наменети за селектираните 15 кандидати, со цел да им се дадат упатства за пишување сценарио, за технички совети и практична реализација на видеото.
Можни работни јазици: француски, македонски, албански и англиски.

Формуларот за учество на конкурсот и на подготвителните работилници треба да се испрати на следната мејл адреса: culture@ifs.mkнајдоцна до 6 мај 2016 година.

Извор