Преку социјалните мрежи почна да се шири повик за „КОНТРА-гејПарада“ која според наведеното во повикот, треба да се одржи утре (22 јуни) пред Соборниот Храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
„Несмееме да дозволиме во нашево Скопје, во нашата МАКЕДОНИЈА да се шета кортео од гејови и лезбејки. Во ниеден случај не треба да дозволиме тие бесрамно да искочат и грозоморно да се допираат, бакнуваат и да прават други работи пред очите на нас верниците, пред очите на малите деца, пред очите на старите пензионери кој мислат дека оставиле зрела иднина позади себе“, стои во повикот на Фејсбук.
Организаторите посочуваат и дека не смее да се дозволи дете да има две мајки за родители или пак двајца татковци.
„Несмееме да дозволиме тие да влезат во свет божји храм, да застанат пред олтар и да си го кажат судбоносното “да” -еден на друг или една на друга. Ако сакаме да бидеме модерна земја, примена во ЕУ и НАТО незначи дека треба да одиме против верата и против природата“, се додава во повикот.
Почетокот на настанот е закажан во 14 часот, а еден час подоцна, групата треба да се упати кон собранието, а потоа и кон плоштадот „Македонија“.