Контра кадар Битола: проекција на „Husbands and wives“ и дискусија за #СегаКажувам

Февруари ќе биде во духот на сексуалноста, најавуваат од Контра кадар Битола.

Овој четврток, во малата сала од Домот на културата ќе се прикажува филмот „Husbands and wives“ на Вуди Ален.

Приказната ги следи два брачни парови кои се собираат за вечера, кога од ведро небо Џек и Сали им го соопштуваат својот претстоечкиот развод на Гејб и Џуди. Тоа ги шокира Гејб и Џуди, изгледа начнува нерв, нешто што го потиснувале, па започнуваат да го преиспитуваат својот брак. Од сето тоа произлегуваат лавина прашањата, експерименти, флертувања.

По проекцијата ќе се одржи и вообичаената дискусија, но овој пат гостинки се: Ирена Цветковиќ, Ивана Драгшиќ, Јана Јакимовска, Румена Бужаровска, Ана Василева и Јасмина Василева од иницијативата #СегаКажувам.

Темата е – бракот како државно-црковна институција.

Проекцијата започнува во 19 часот, а влезот како и досега, е бесплатен.