Контра Кадар продолжува со off програмата во Социјален центар Дуња. Оваа недела ќе се прикажува „Oldboy“ на режисерот Парк Чан-вук (Park Chan-wook).
Оваа корејска приказна ги опфаќа дел од постојаните теми во литературата, уметноста и драмата. Во него има одмазда, акција, возбудувања и многу пресврти. За многумина ова е еден од најдобрите филмови од далечниот исток во поновата историја.
„Темата на дискусијата е одмаздата – една од вечните теми во уметноста. Од Хамлет, преку грофот од Монте Кристо… Не пропуштајте ја филмската катарза“, се вели во поканата за настанот.
Проекцијата е закажана за четврток, од 18:00 ч. во Социјалниот центар Дуња (ул. Рајко Жинзифов бр. 22)
Влезот за проекцијата е бесплатен.