Во понеделник на 13.02 во 19.00 часот во Социјалниот центар „Дуња“ ќе се одржи проекција на епизодата Nosedive од антологискиот серијал Black Mirror, а е се разговара и на темата “Каде отиде човекот во тебе?”.
Black Mirror на Чарли Брукер е антологиска серија која ги обработува негативните ефекти на технолошкиот напредок, преку хиперболизирана и технофобична нарација. Брукер го прикажува модерното општество на мрачен, сатиричен, уникатен и суров начин.
На дискусијата ќе се отвори дебата на прашањата: Дали заборавивме како се живее или можеби никогаш не ни знаевме?, Дали се приспособуваме на промени или се губиме во самиот процес?, Дали лицемерието е алатка за успех?, Дали успех се поистоветува со среќа?.
Влезот е бесплатен.