На големиот екран во кино Култура вечерва ќе се прикажува филмот „The Hunger“, во кои главните улоги ги имаат починатата ѕвезда Дејвид Боуви, Кетрин Денев и Сузан Сарандон. Филмот се смета за огромно оставрување од 1983 година на режисерот Тони Скот.
Проекцијата ќе биде проследена со дискусија која ќе ги опфати сеприсутниот алтруизам, животната врвица и делото на Дејвид Боуви. Гости на дискусијата ќе бидат режисерот Јане Алтипармаков и актерот Срѓан Јаниќиjевиќ.
Проекцијата ќе започне во 20 часот, а влезот останува бесплатен.