„Идеи вредни за споделување“, со ова мото постојано расте популарноста на TEД конференциите кои станаа место што ги инспирира луѓето. Сепак, зголемената популарност доведе и до тоа, TEД самите да почнат со цензурира кај дел од „проблематичните“ говори, за да не се „навредат големите шефови“, пишува Тrueactivist. Еве неколку од ваквите говори и идеи за кои ТЕД чувствува не се вредни за споделување?!
„Богатите луѓе не создаваат работни места“ од Nick Hanauer
Пред две години, милијардерот Nick Hanauer (голем капиталист од Сиетл ) зборуваше на конференцијата ТЕД фокусирајќи се главно на приходите и нееднаквоста во Америка. Иако разговорот доби овации од публиката, ТЕД одби да го објави на нивниот веб-сајт.
„ Науката во заблуда“ од Rupert Sheldrake
Rupert Sheldrake е фасцинантен член на научниот свет. Тој на ТЕД зборуваше за догмите и заблудите што денеска ги созадава науката и во кои верува човештвото.
„Војна на свеснота“ од Graham Hancock
ТЕД, исто така, контроверзно го цензурира говорот на Hancock кој фрла светлина на војната на свеста што постои во нашето модерно општество, особено во западниот свет. Споделување на своето искуство за надминување на 24 годишната зависност од канабис со користење на „ecodelic“ дрога позната како Ayahuasca, беше премногу контроверзно, а оттука и цензурирано.