Концерт на американскиот панк-бенд „The Men“ ќе се одржи во петок (на 29 март), како најава за годинешното издание на фестивалот „Здраво млади“, кој ќе се одржи на 17 и 18 мај.
Во најавата на концертот се вели:
„Одбивајќи да се служат со ист метод двапати или пак да бидат прегазени од очекувањата, The Men го напуштаат градот на почетокот на 2012 година и заминуваат во Биг Индиан, Њујорк, пренаменувајќи една далечна куќа на падините на Катскилс во целосно опремено студио, а воедно и топол дом за скитници како нив. Максимално искористувајќи го ведриот дух и чистите планински утра, бендот никогаш претходно не му се предал толку посветено на процесот на компонирање или пак самите тие никогаш за таа цел, не му се предале толку многу на едно место на снимање.А-страната на “Electric” е замрсена, наежена од кулминација, истовремено и мрачна и радосна, исполнета до даска со задушени лути гитари, обвиена од вокалите на Ник Киерцоли со еден беспомошен, неизбежен порив кој става акцент на целиот бенд. Ако сакате да ги соголите The Men до срж – ќе го добиете токму ова. Потполна спротивност од својот „ортак“, Б-страната “Water Babies” е сосема друг муабет“.
Максимално искористувајќи го ведриот дух и чистите планински утра, бендот никогаш претходно не му се предал толку посветено на процесот на компонирање или пак самите тие никогаш за таа цел, не му се предале толку многу на едно место на снимање.А-страната на “Electric” е замрсена, наежена од кулминација, истовремено и мрачна и радосна, исполнета до даска со задушени лути гитари, обвиена од вокалите на Ник Киерцоли со еден беспомошен, неизбежен порив кој става акцент на целиот бенд. Ако сакате да ги соголите The Men до срж – ќе го добиете токму ова. Потполна спротивност од својот „ортак“, Б-страната “Water Babies” е сосема друг муабет.
The Men се меѓу најпродаваните артисти на Sacred Bones, а бендот ги има поминато САД и Европа долж и попреку. По ова издание ќе „напаѓаат“ и накај Балканот. За нив се пишувало и говорело во Spin, Rolling Stone, New York Times, на Pitchfork, на NPRМеѓу другото имаат свирено на Pitchfork Fest, Primavera и London Field Day
Заедно со американскиот бенд, на сцената на МКЦ ќе настапи и македонската група Нова Генерација (Скопје)
Бендот започна да свири во октомври 2011. Бендот е создаден од фрустрациите и омразат кон денешново општество во кое живееме, владата, системот, нацизмот, капитализмот, корупцијата, полицијата, војните, испраните мозоци, апатијата кај луѓето, а и од желбата да се врати уличната сцена кај младината во градов која изумре во последниве години и беше заменета со кафичи и турбофолк. Музиката е инспирирана од старите американски хардкор и треш бендови како Black Flag, MDC, Minor Threat, Bad Brains, D.R.I, Suicidal Tendencies и македонскиот панк, додека вокалот е повеќе насочен кон стрит и анархо панк стил како LА’s Moral Decay, Defiance, South Central Riot Squad.
Билетите по цена од 250 денари се достапни во претпродажба САМО во МКЦ.
На врата билет ќе чини 300 денари. Концертот ќе се одржи на малата сцена!