Утре во 21:00 во Младинскиот културен центар ќе се одржи концерт на бендот (the) Kurws од Полска. (the) Kurws се формирани во мај 2008 година како неочекуван резултат од една пинг понг партија. Оттогаш бендот ја започнува својата музичка потрага, не толку во однапред дефинирани жанрови колку во самата основа на рок музиката, експресијата и звукот. Нивната музика е повеќе предмет на една незавршена работилница, каде импровизирањето пенетрира во компонираниот материјал, како најцврста форма на процесот на креирање.
Оружани со репетиции, рекомбинации, варијации и контрасти – the Kurws итро си поигруваат со меморијата и очекувањата. Преку пост панкот, краутрокот, фанкот, бендот презентира различни форми на свирење, мотиви и рифови кои сме ги слушнале многупати досега но во сосема други контекст, овој пат дисцеирани од нивната оригинална средина, поставени едни до други, искористени на сосема нов начин, деконструирани и дестилирани.
Нивниот деби албум “Hole in the ghetto” е издаден 2011 година во Европа, како заеднички проект на издавачките куќи Qulturap, Oficyna Biedota, Trująca Fala и Blinded, а во САД нивниот албум го издава Bat Shit Records. Бендот има отсвирено бројни концерти низ Европа и се верни поддржувани на DIY принципите.
Во 2014 година ќе го издадат својот нов албум, насловен “All that is solid melts into air”.
Генерално, бендот функционира како трио:
Dawid Bargenda (тапани)
Hubert Kostkiewicz (гитара)
Kuba Majchrzak (бас гитара)
… или како квартет/квинтет, збогатен со еден од следните членови:
Piotrek Zabrodzki (LXMP, Baaba, Efekt Moozgu) – сајзер (2012 -)
Oskar Carls (Saigon, Davaj) – саксофон (2012 -)
Piotr Łyszkiewicz – саксофон (2013 – )
Влезот е слободен.