Американскиот бенд Pine Leaf Boys во декември доаѓа во Македонија. Познатиот бенд од Луизијана, инаку четири пати досега номиниран за наградата Греми, ќе има свој настап во Штип и во Скопје.
На 16 декември, бендот ќе настапи во Мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип со почеток во 19 часот.
Следната вечер пак е закажан концерт на Младинскиот културен центар, на сцената на кино Фросина. Почетокот на овој концерт е во 20 часот.
Влезот и за двата настапи на Pine Leaf Boys е бесплатен.