Google денес објави дека отсега корисниците на сајтот YouTube ќе можат да додадат алатка за директно донирање на средства за хуманитарни цели на нивните видеа.
На тој начин „јутјуберите“ ќе можат да собираат пари за верифицирана непрофитна организација по нивен избор преку содржината која ја создаваат.
Со новата алатка, наречена YouTube Donation Card, корисниците ќе можат да донираат пари следејќи два чекори. Прво, треба да се одреди количината на пари кои гледачот сака да ги донира на избраната хуманитарна организација. Потоа автоматски се повлекува избраната сума на пари од кредитна картичка без оданочување.
Избраната организација ќе добие 100 посто од собраните пари, а Google ќе ги покрие провизиите за трансфер на средства.
Засега, корисниците на YouTube ќе можат да избираат меѓу 1,8 милион непрофитни организации, кои покриваат различни општествени каузи и проблеми.
Извор: Mashable