Одреден број корисници на iPhone ги уништиле своите телефони потопувајќи ги во вода, откако наседнале на лажна реклама која доаѓа од сајтот 4chan, во која се вели дека последната верзија на оперативниот систем iOS 7 го прави телефонот водоотпорен.
Во рекламата прикажана долу, која се рашири по социјалните мрежи, се тврди дека апдејтот „активира итен систем за исклучување на струјата во телефонот, за да се спречи штета за деликатната електроника“. На дното стои дека оваа опција е призната со политиката за гаранции на Apple, како и назнака дека ова е „потврдено од Lifehacker“.
Дел од измамените корисници на iPhone реагирале бурно и со гнев кон создавачот на лажната реклама, додека дел од нив едноставно признале пораз и почнале да бараат нов телефон:
Anyone have a iPhone for sale? Someone told me iOS7 was waterproof and obviously mine wasn't….
— SJ (@SaraJoWalls) September 24, 2013
И светот на познатите не остана без свој претставник меѓу наседнатите:
The best thing about the new iPhone is that it's waterproof! Incredible.
— Ellen DeGeneres (@TheEllenShow) September 24, 2013