Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Младите една година живеат во пандемија. КОВИД-19 ги повлече дома, изолирани од другарите, без школски дружби, без физичка настава, без културни настани, во неизвесност како ќе добијат поддршка за менталното здравје. КОВИД-19 на младите им го скрати дома буџетот, некои останаа без работа, на други им беа намалени платите. Низа владини мерки и политики за помош во кризата беа проблематични и отежнати, а притоа се зголемува и јазот меѓу самите млади, ако се земат предвид карактеристиките по индустрија, регион и пол.
Последици имаат сите. Младиот туристички водич Димитар Таневски, кој најмногу работи со странски туристи што доаѓаат во Македонија и Балканот, вели дека е мртов скоро цел туристички сектор. Лани имал само една тура, случајно се погодило да дојдат Американци, додека пред пандемијата не се постигнувало со работа.
Како млад човек, без соодветна вакцинација во земјава, без можност да се планираат активности однапред, над него лебди неизвесност. Затоа сега е концентиран на втора работа.
„Одлично се живееше и имавме дури планови да отвориме туристичка агенција. Развој со Airbnb, со издавање станови итн. Гледав огромен потенцијал во туризмот! Лани, во еден период, не би рекол дека бев во депресија, но многу ми се одрази на приходи, на планови во иднина. Бидејќи најлошо е кога не се знае што понатаму?! И да почне да се враќа браншата, можеби ќе поминат 3-4-5 години, а тоа е премногу за да се репарира и функционира како пред пандемијата“, забележува тој.
Таневски вели дека повеќе дејности, каде работат и млади луѓе – крпат крај со крај.
Државата не помага многу, тврди тој, па мораат да се адаптираат, секој во својата фела. Да живуркаат од заштеди, да наоѓаат нови работни места, или размислуваат да се отселат. Кој како ќе се снајде.
Со сличен став е и Филип Поповски, млад музичар во бендовите „Палиндром“ и „Милко“. За среќа, тој има втора работа, но, без свирки и културни настани, загрижен е како преживуваат колегите. Поповски во 2021-ва свирел само еднаш, на настан на „Млади за Скопје“.
„Постојано си дома, ќе направиш проба, па пак дома. Но, потоа свиревме надвор кај ‘Ла Кања’, со сите протоколи, маски, дистанци. Не можам да го опишам чувството! Надвор зима, но дечките од ‘Млади за Скопје’ покажаа дека и во вакви услови може да се изведе организација на ниво. Тоа недостасува и за младите, и за музичарите“, нагласува тој.
За Поповски добредојден бил ланскиот проект „Култура во време на корона“. Дава поддршка и на здружението „Музика сега“ во борбата за музичката дејност и за протоколи кои ќе го задржат здравјето на луѓето, а уметниците ќе имаат работа.
„Луѓето што живеат од музика треба да имаат голема поддршка од Владата, од државата, од било кој! Макар да се извади некој настан. Супер е да ти дадат помош, но, гарантирам дека 98% од луѓето што им фалат средства да преживеат, сигурно сакаат да си ги заслужат тие средства. Да ги отсвират тие средства“, вели Поповски.
Средношколката Анастасија од Скопје уште не е вработена, нејзината егзистенција е во рацете на родителите. За пандемијата, немала посериозни економски проблеми, иако минатото лето пробувала да најде летна работа. Но, безуспешно.
„Сакав да работам неколку месеци, но (работодавачите н.з.) не примаа никого. Тој период затворија се’. Си имав нервози… Потекнувам од семејство од средна класа, немаме позначителни приходи за да ме пратат на силен факултет. Па, се замарав од каде да соберам пари, бидејќи ќе треба да земам плус година после средно образование“, нагласува Анастасија.
Kризни мерки за помош на младите?
Според младинските организации од иницијативата „Млади во криза“, Владата пристапи со „чадор“ политики. Односно, обид да се опфатат што повеќе граѓани, но не и доволно таргетирани мерки за специфични групи меѓу младите, кои најмногу трпат од кризата.
„Анализирајќи ги мерките што ги донесе Владата и државните институции за превенирање на кризата и штетите од неа врз младите, дојдовме до заклучок дека од преземени 99 специфични мерки, само 8 се однесуваат на младите од кои пак, седум се специфични, а една е продолжување на веќепостоечката мерка ‘Купувај домашно’. Со неа студентите и средношколците, т.е. само оние од формалното образование добија по 3.000 денари“, вели Блажен Малески, истражувач од „Реактор“.
Другите мерки за финансиски средства за сместување, партиципација, ИТ обуки – не биле целосно искористени, што укажува дека бирократскиот процес бил сложен или пак, не сите млади имале пристап до мерките.
Документот „Млади во криза 2.0“, исто така, укажува дека државните институции не прават евалуација на реализираните мерки. Кој какви мерки превземал, колкава е нивната искористеност и, на крајот на денот – нивната цел. Проблем е и комуникацијата.
„Воопшто не беа консултирани младински организации, ниту пак други видови на младинско здружување. Не беа целисходни самите мерки како такви, а како резултат на кризата гледаме зголемување на младинската невработеност од 4%. На долг рок ваквата криза ќе има трајни последици врз младите, уште повеќе ќе го отежни пристапот до пазарот на трудот, првото работно место и кариерните цели“, вели Малески.
Пад на младинските плати
Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ), дел од „Млади во криза“ со помош на Фондација Вестминстер, ги истражуваше податоците од УЈП за периодот од февруари до јуни 2020. Во првиот бран од кризата платите на младите лица се намалиле за 2,6%, додека на ниво на држава за 1,8‘%. Загрижувачки е и бројот на млади со примања под минималната плата.
„Стапките на пад на примања се најизразени кај младите и жените. По секоја можна мерка младите се многу попогодени односно имаат поголеми намалувања на приходите“, посочува Виктор Стојкоски од ЗМАИ.Според Стојкоски, зе зголемува јазот помеѓу самите млади, ако се земат предвид карактеристиките по индустриите, по пол, по региони, што значи дека мерките треба да бидат дизајнирани за нивна поддршка.
Според Теодора Столевска од Младински образовен форум (МОФ), додека младите ќе претрпат најмногу економско-социјални последици од кризата, нивната благосостојба може да се подобри преку брзи и правични политички решенија.
„Потребно е да се опфатат мерки за вработување, доквалификување или преквалификување во најскоро време по губењето на работното место. Тука се и мерките кои треба да ги спроведат Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјала, а се однесуваат на давачки на работодавците што ќе вработат млади лица. Препорачуваме мерки за младинско (ре)вработување во оперативниот план за 2021 на Агенцијата за вработување, кој сѐ уште не е изготвен“, потенцира Столевска.
„Млади во криза“ препорачува вработените лица до 29 години да бидат ослободени од персоналниот данок. Да има ваучери за домашна потрошувачка на оние кои им се најпотребни и изработување на меѓу-институционален план за вработување на млади. Здружените организации бараат и поддршка за млади уметници и културни работници.
Мерки за млади уметници?
Од Министерството за култура за Радио МОФ не даваат конкретен одговор колку млади уметници биле опфатени во кризните мерки. Дадена е финансиска помош преку низа владини уредби и одлуки, ама генерално за културни, филмски работници и самостојни уметници.
142 самостојни уметници се опфатени на Конкурсот за месечни надоместоци за придонеси за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, како и за персонален данок на доход за 2020 година. Оние што имаат уплата за осигурување од Министерството, во ковид-кризата добиле пет месечни исплати од 14.500 денари.
„Кога станува збор за самостојните уметници, во новиот предлог-закон за остварување на јавниот интерес во културата, кој е во собраниска процедура, се врши проширување на опфатот на лицата кои би можеле да се стекнат со право за месечни надоместоци од Буџетот за уплата на придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за данокот на личен доход, односно лица кои можат да се стекнат со статус на самостоен уметник“, велат од министерството.
Покрај уметниците, велат тие, со предлог-законот се утврдува правото да можат да се стекнат и стручните работници во областа на заштитата на културното наследство, менаџери во културата, односно сите културни работници кои самостојно вршат дејност.
Пандемиско образование
Теодора Лазаревска, 17-годишна средношколка од Делчево, е од оваа генерација што за прв пат не можеа да одат на училиште, туку пандемијата ги принуди на онлајн настава. Таа следи трета година во училиштето „Методи Митевски – Брицо“, од дома. Не е баш лесно да се обрне внимание што зборуваат професорите, бидејќи дома има многу работи што и го одвлекуваат вниманието. Затоа и оцените и се малку намалени.
„Малку е потешко, признавам, но, ова мора да го направиме. Да следиме школо на овој начин. Некои од другарите се фалат дека сега полесно се препишува. Јас не сум таква, не можам да препишувам. Исто така, другари изгубија интерес за училиштето. Не се замараат веќе што ќе се случи, едноставно, не го сфаќаат сериозно. Се’ е преку телефон и компјутер“, вели таа.
Друг аспект, забележува Лазаревска, е што во нејзиниот град Делчево, дискриминирани се луѓето со помала плата.
„Не можат да си дозволат школо за своите деца, бидејќи се’ е онлајн, немаат сите телефони, интернет, немаат сите компјутери. На некој начин, тие се дискриминирани, бидејќи не можат да добијат образование кои им следува“, забележува таа.
За своето образование зборува и Ева Ристовска, средношколка од тетовското село Сараќино. Ретко излегува и се движи со другарките, страв и е за нејзините постари родители. Пандемијата ја минува претежно дома, најчесто следејќи предавања попладне.
„Јас сум во стручен предмет и малку потешко ми оди за практична работа. Таа треба да ја извршуваме ние, а вака немаме можност. Во текот на денот може да снема и интернет. Тогаш не можеме да следиме настава. Понекогаш самата апликација ‘Мајкрософт тимс’ може да не’ ‘извади’ од час. Некои професори не можат доволно да ни го предадат потребниот материјал. Кога одиме во училиште е подобро. Може нешто да прашаме, а на онлајн настава ни е непријатно, не сме опуштени“, раскажува таа.
Од Министерство за образование и наука (МОН) за Радио МОФ тврдат дека заедно со други институции овозможиле право на образование на секое дете во услови на пандемија.
Според МОН, првото полугодие завршило со над 90% од учениците кои успешно следеле онлајн настава. Исто така, обезбедено е и следење на 15 минутни часови на македонски и албански јазик, на Националната телевизија.
„Дополнително, наставниците се во постојана комуникација и доставуваат печатени наставни материјали на учениците кои не се во можност наставата да ја следат на далечина. Бројот на ученици кои со успех следат онлајн настава во второто полугодие расте како резултат на активностите на МОН, локалните самоуправи, раководствата на училиштата, граѓанските организации и општествено одговорните компании, за обезбедување на потребните уреди и ИТ опрема за учениците“, соопштува МОН.
Сепак, проблемот со настава од далечина е веќе евидентиран преку истражувања. Во летниот распуст (јуни-август 2020), „Реактор“ со финансиска поддршка од УКАИД и УНИЦЕФ и во соработка со МОН и Биро за развој на образованието, покажа дека 77% од наставниците во некој момент не можеле да стапат во контакт со дел од учениците. Пристапот до интернет и до компјутерска опрема, исто така, беше пречка за некои домаќинства, каде 37% од родителите изјавија дека децата мора да делат лаптопи или компјутери со други членови на семејството.
Истражување од февруари 2021 на ЛЕАД, пак, покажа дека само 9% од наставниците ја користеле Националната платформа за одржување на онлајн часовите. Само 35,9 отсто од учениците како „многу добро“ или „одлично“ го оцениле првото полугодие од 2020/2021. Паралелно, спроведувањето на онлајн часовите не било докрај безбедно.
Психо-социјални последици
Скоро сите млади што ги контактираше Радио МОФ ментално здравје го карактеризираат како „еден од најголемите предизвици“. Оттука, дека ситуацијата со пандемијата не е ни малку наивна зборува и психологот Ана Попризова од гимназијата „Орце Николов“. Најизразено, посебно во прва и втора година, е она што Попризова го вика „нов вид анксиозност“, врзана со онлајн наставата.
„Многу од учениците доживуваат баш анксиозни напади. Чувството на вклучност на камерата. Потоа, ‘треба да одговорам нешто, а имам ограничено време’. Исто така, ‘сите ме гледаат од паралелката, јас сум центар на вниманието’. Овие прашања ги измачуваат. Кај втора година, ако земеме предвид дека едно полугодие и повеќе беа заедно, тој страв и притисок е многу голем, децата веќе соматизираат, почнуваат проблем со говорот, се јавуваат тикови, болки во стомак, повраќање…“, вели Попризова.
Кај трета и четврта година пак, нив ги зафаќа апатија. Вклученоста на мрежите доведува до презаситеност.
„Мислам дека општо постои пад во интересот за училиште. Поулежани се, попасивни. Едноставно, како да губат интерес и љубопитност за учење, мотивација за високи постигнувања. Самата психоза што ја носи пандемијата – виси во воздух. Секој познава некој што бил болен, самиот е болен, а на некои им починаа блиски луѓе. И, тоа премногу трае“, забележува Попризова.
Позитивни работи од пандемијата и по пандемијата?
Според младиот Филип Поповски, наскоро повторно ќе има свирки, концерти, изложби. Со мерки, со дистанци, со се’ што треба, ама културата ќе земе залет.
„Мислам дека отсега натака може само подобро да биде, кога ќе се враќаат во живот настаните. На сите ни недостасуваaт. Ги гледаме на Фејсбук, Јутјуб, на ТВ. Но, кога ќе дојдат во живо – ќе слушаш, пратиш, правиш што било, само да си таму! Tоа ќе биде ‘камбек’ на вистинско ниво!“, смета тој.
Периодов за него бил 50/50. Време да се посвети дома, што билa позитивно страна, а негативна што нема дружби. Сепак е среќен што живееме во време кога се’ ни е достапно.
„Интернет и комуникации. Ќе се пуштиш на Вибер, Месинџер, на ЗУМ. Можеш да комуницираш и да се видиш, дури да ‘посвириш’ така со луѓе. Не е физичка, ама пак имаш комуникација. Пак си даваш утеха дека ‘ајде, ќе биде’“, вели Поповски.
И за средношколката Анастасија е тажно што не можат да се гледа со другарите, по родендени или слично, во време на најубавите години од животот. Позитивно е што имаат време да се посветат на свои хобиња. И таа бара културен провод, но под контрола, за да се задржи тој социјален аспект.
„Волонтер сум во Црвен крст, дел сум од Клуб на читатели. Се’ што можело да се префрли онлајн, веќе е префрлено онлајн. Нели, се прават напори да се одржи социјалниот живот на младите, но, сепак, не е тоа – тоа. Нема директна интеракција“, нагласува таа.
Теодора Лазаревска од Делчево апелира на трпение. За неа важи она „само треба да ги почитуваме правилата и се’ ќе биде ОК“. Меѓувремено, смета дека е добро што активизмот се шири преку интернет, особено што доаѓа од град каде активизмот скоро и да не постои.
„Сега ми е полесно да учествувам во активизам преку организации, бидејќи сите се префрлија онлајн и прифаќаат волонтери од цела Македонија, а не само од Скопје. Претходно, во Скопје требаше да патувам со автобус три часови само за една акција. Не можев да си дозволам. Лани цело лето учествував на школа за дискриминација со Еквалис и имавме изработени видеа. Може и така да се пренесе порака, нема потреба се’ да биде на терен“, вели Лазаревска.
Бојан Шашевски
-
Të rinjtë një vit jetojnë në pandemi. KOVID-19 i tërhoqi në shtëpi, të izoluar nga miqtë, pa shoqërimet në shkollë, pa edukim fizik, pa ngjarje kulturore, në pasiguri se si do të marrin mbështetje për shëndetin mendor. KOVID-19 shkurtoi buxhetin e të rinjve në shtëpi, disa humbën punën, të tjerëve u është ulur paga. Një sërë masash dhe politikash qeveritare për ndihmë në krizë kanë qenë problematike dhe të vështira, ndërsa gjatë kësaj hendeku midis të rinjve po zgjerohet, duke pasur parasysh karakteristikat sipas industrisë, rajonit dhe gjinisë, thuhet në analizën e Radio Mof, transmeton Portalb.mk.
Të gjithë kanë pasoja. Ciceroni i ri turistik Dimitar Tanevski, i cili kryesisht punon me turistë të huaj që vijnë në Maqedoni dhe Ballkan, thotë se pothuajse i gjithë sektori i turizmit ka vdekur. Vitin e kaluar ai kishte vetëm një turë, ndodhi që rastësisht erdhën amerikanë, ndërsa para pandemisë nuk mund të mbërrije ngaqë kishte shume punë.
Si person i ri, pa vaksinimin e duhur në vend, pa mundësi për të planifikuar aktivitete paraprakisht, mbi kokën e tij ri pezull pasiguria. Prandaj tani është përqendruar në punë të dytë.
“Jetohej shkëlqyeshëm dhe kishim plane madje të hapim agjenci turistike. Zhvillim me Airbnb, lëshimin me qira të apartamenteve, etj. Shihja potencial të madh në turizëm! Vitin e kaluar, në një kohë, nuk do të thosha se isha në depresion, por kjo ndikoi në të ardhurat e mia, planet e mia për të ardhmen. Sepse më keq është kur nuk dihet çfarë të bëni më tej?! Edhe nëse industria fillon të kthehet, mund të duhen 3-4-5 vjet, ndërsa kjo është shumë që të riparohet dhe të funksionojë si para pandemisë”, thotë Tanevski.
Tanevski thotë se shumë veprimtari, ku punojnë edhe të rinjtë – mezi ia dalin.
Shteti nuk ndihmon shumë, thotë ai, kështu që ata duhet të përshtaten, secili në fushën e tij. Të sigurojnë jetesën nga kursimet, të gjejnë punë të reja ose të mendojnë të zhvendosesh. Kush si do të gjendet.
Me qëndrim të ngjashëm është edhe Filip Popovski, një muzikant i ri në bandat muzikore “Palindrom” dhe “Milko”. Për fat të mirë, ai ka një punë të dytë, por pa koncerte dhe ngjarje kulturore, është i shqetësuar se si kolegët e tij po mbijetojnë. Në vitin 2021, Popovski bëri muzikë vetëm një herë, në një ngjarje të “Të rinjtë për Shkupin”.
“Vazhdimisht je në shtëpi, do të bësh një provë, dhe përsëri në shtëpi. Por më pas bëmë muzikë jashtë në ‘La Kanja’, me të gjitha protokollet, maskat, distancë. Nuk mund ta përshkruaj ndjenjën! Jashtë dimër, por djemtë nga ‘Të rinjtë për Shkupin’ treguan se edhe në kushte të tilla organizimi mund të kryhet në nivel. Kjo mungon si për të rinjtë ashtu edhe për muzikantët”, thotë Popovski.
Për Popovski është i mirëseardhur projekti i vitit të kaluar “Kultura në kohë të koronës“. Ai gjithashtu mbështet shoqatën “Muzikë tani” në luftën për aktivitetin muzikor dhe për protokollet që do të ruajnë shëndetin e njerëzve, ndërsa artistët do të kenë punë.
“Njerëzit që jetojnë nga muzika duhet të kenë mbështetje të madhe nga Qeveria, nga shteti, nga kushdo! Qoftë edhe nëse nxirret një ngjarje. Është shumë mirë të të japin ndihmë, por garantoj se 98% e njerëzve që nuk kanë mjete për të mbijetuar, sigurisht që duan t’i meritojnë këto mjete. Të bëjnë muzikë për ato mjete financiare,” tha Popovski.
Nxënësja e shkollës së mesme Anastasia nga Shkupi ende nuk është e punësuar, ekzistenca e saj është në duart e prindërve të saj. Për pandeminë, nuk ka pasur probleme më serioze ekonomike, megjithëse u përpoq të gjente punë verën e kaluar. Por pa rezultat.
“Doja të punoja për disa muaj, por (punëdhënësit) nuk punësuan askënd. Gjatë asaj periudhe, gjithçka ishte mbyllur. Isha nervoze… Vij nga një familje e klasës së mesme, nuk kemi të ardhura të konsiderueshme që të më dërgojnë në universitet të fortë. Kështu, mendohesha prej të mbledh para, sepse do të duhet të marr një vit shtesë pas shkollës së mesme”, thekson Anastasia.
Masat e krizës për të ndihmuar të rinjtë?
Sipas organizatave rinore nga iniciativa “Të rinjtë në krizë”, Qeveria ka miratuar politika “ombrellë”. Përkatësisht, përpjekje të përfshijnë sa më shumë qytetarë që të jetë e mundur, por jo edhe masa mjaftueshëm të trajtuara për grupe specifike në mesin e të rinjve, të cilët vuajnë më shumë nga kriza.
“Duke analizuar masat e miratuara nga Qeveria dhe institucionet shtetërore për parandalimin e krizës dhe dëmeve prej saj mbi të rinjtë, kemi arritur në përfundimin se nga 99 masa specifike të ndërmarra, vetëm 8 kanë të bëjnë me të rinjtë, nga të cilat shtatë janë specifike ndërsa një është vazhdim i masës ekzistuese ‘Blini prodhime vendore’. Me atë studentët dhe nxënësit e shkollave të mesme, përkatësisht vetëm ata nga arsimi formal fituan nga 3.000 denarë secili”, thotë Bllazhen Maleski, studiues nga Reaktor.
Masat të tjera për mjete financiare për akomodim, bashkë financim, trajnim për IT – nuk u përdorën plotësisht, që tregon se procesi burokratik ishte kompleks ose jo të gjithë të rinjtë kishin qasje në këto masa.
Dokumenti “Të rinjtë në krizë 2.0“, gjithashtu tregon që institucionet shtetërore nuk bëjnë vlerësim të masave të zbatuara. Kush çfarë masa ka zbatuar, sa është përdorimi i tyre dhe, në fund të ditës – qëllimi i tyre. Komunikimi është gjithashtu një problem.
“Asnjë organizatë rinore ose lloje të tjera të shoqatave të të rinjve nuk u konsultuan fare. Vetë masat si të tilla nuk ishin të dobishme, dhe si rezultat i krizës ne shohim një rritje të papunësisë së të rinjve me 4%. Në planin afatgjatë, kjo krizë do të ketë pasoja të qëndrueshme për të rinjtë, do ta bëjë akoma më të vështirë hyrjen në tregun e punës, vendin e para të punës dhe qëllimet për karrierë”, tha Maleski.
Rënie në pagat e të rinjve
Shoqata për Kërkime dhe Analiza (ZMAI), pjesë e “Të Rinjtë në Krizë” me ndihmën e Fondacionit Westminster, hulumtoi të dhëna nga DAP për periudhën shkurt – qershor 2020. Në valën e parë të krizës, pagat e të rinjve u ulën me 2,6%, ndërsa në nivel shtetëror me 1,8%. Numri i të rinjve me të ardhura nën pagën minimale është gjithashtu shqetësues.
“Shkalla e rënies së të ardhurave është më e theksuar tek të rinjtë dhe gratë. Me çdo masë të mundshme, të rinjtë janë shumë më të prekur, përkatësisht kanë ulje më të mëdha të të ardhurave”, thekson Viktor Stojkoski nga ZMAI.
Sipas Stojkoski, hendeku midis vetë të rinjve rritet, nëse merren parasysh karakteristikat sipas industrive, sipas gjinisë, sipas rajoneve, që do të thotë se masat duhet të dizajnohen për t’i mbështetur ata.
Sipas Teodora Stolevska nga Forumi Arsimor Rinor (FAR), ndërsa të rinjtë më shumë do të vuajnë pasojat ekonomike dhe sociale të krizës, mirëqenia e tyre mund të përmirësohet përmes zgjidhjeve të shpejta dhe të drejta politike.
“Është e nevojshme të përfshihen masa për punësim, rikualifikim ose rikualifikim plotësues sa më shpejt të jetë e mundur pas humbjes së vendit të punës. Këtu janë masat që do të zbatohen nga Agjencia për Punësim dhe Ministria e Punës dhe Politikës Sociale, dhe u referohen detyrimeve të punëdhënësve që do të punësojnë të rinj. Rekomandojmë masa për (ri) punësimin e të rinjve në planin operativ për vitin 2021 të Agjencisë së Punësimit, i cili nuk është përgatitur”, tha Stolevska.
“Të rinjtë në krizë” rekomandojnë që personat e punësuar deri në moshën 29 vjeç të përjashtohen nga tatimi mbi të ardhurat personale. Të ketë kupona për konsum shtëpiak të atyre që kanë më shumë nevojë dhe të hartohet plan ndërinstitucional për punësimin e të rinjve. Organizatat e bashkuara gjithashtu kërkojnë mbështetje për artistët e rinj dhe punëtorët e kulturës.
Masat për artistët e rinj?
Nga Ministria e Kulturës për Radio MOF nuk japin një përgjigje specifike se sa artistë të rinj ishin përfshirë në masat e krizës. Ndihma financiare është siguruar përmes një sërë urdhëresash dhe vendimesh të qeverisë, por në përgjithësi për punonjësit e kulturës, punonjësit filmik dhe artistët e pavarur.
142 artistë të pavarur janë përfshirë në Konkursin për kompensim mujor për kontributet për shëndetësi, sigurim pensional dhe invalidor, si dhe për tatimin mbi të ardhurat personale për vitin 2020. Ata që kanë pagesë për sigurim nga Ministria, në kovid – krizën kanë fituar nga pesë paga mujore prej 14.500 denarë.
“Kur bëhet fjalë për artistë të pavarur, në propozim – ligjin e ri për realizimin e interesit publik në kulturë, i cili është në procedurë parlamentare, zgjerohet fusha e personave që mund të fitojnë të drejtën e kompensimeve mujore nga Buxheti për pagesën e kontributeve për sigurim shëndetësor, pensional dhe invalidor dhe tatimin mbi të ardhurat personale, përkatësisht personat që mund të fitojnë statusin e artisti të pavarur “, thonë nga ministria.
Përveç artistëve, thonë ata, me propozim – ligjin përcaktohet e drejta të mud të fitojnë dhe punëtorët profesional në fushën e mbrojtjes së trashëgimisë kulturore, menaxherë në kulturë, përkatësisht të gjithë punëtorët kulturor të cilët ushtrojnë veprimtari të pavarur.
Arsimi në kohë pandemie
Teodora Lazarevska, nxënëse 17-vjeçare e shkollës së mesme nga Delçeva, është nga kjo gjeneratë që për herë të parë nuk mund të shkonte në shkollë, por pandemia i detyroi në online mësim. Ajo po ndjek vitin e tretë në shkollën “Metodi Mitevski – Brico”, nga shtëpia. Nuk është e lehtë t’i kushtosh vëmendje asaj që thonë profesorët, sepse ka shumë shpërqendrime në shtëpi. Kjo është arsyeja pse notat e saj janë ulur pak.
“Është pak më e vështirë, e pranoj, por duhet ta bëjmë këtë. Të ndjekim shkollën në këtë mënyrë. Disa nga miqtë mburren se tani është më lehtë të kopjosh. Unë nuk jam e tillë, nuk mund të kopjoj. Gjithashtu, shokët humbën interesin për shkollën. Ata nuk shqetësohen më së çfarë do të ndodhë, thjesht nuk e kuptojnë seriozisht. Gjithçka është përmes telefonit dhe kompjuterit”, thotë ajo.
Një aspekt tjetër, vëren Lazarevska, është se në qytetin e saj Dellçevë, njerëzit me paga më të ulëta diskriminohen.
“Ata nuk mund të paguajnë shkollë për fëmijët e tyre, sepse gjithçka është online, të gjithë nuk kanë telefona, internet, të gjithë nuk kanë kompjuterë. Në një farë mënyre, ata diskriminohen sepse nuk mund të marrin arsimin e duhur”, thotë ajo.
Për arsimimin e saj flet edhe Eva Ristovska nxënëse e shkollës së mesme nga fshati Saraqino, Tetovë. Ajo rrallë del dhe lëviz me miqtë e saj, ka frikë për prindërit e saj më në moshë. Pjesën më të madhe të pandemisë e kalon në shtëpi, zakonisht merr pjesë në ligjëratat pasdite.
“Jam në një lëndë profesionale dhe është pak më e vështirë për mua për punë praktike. Atë duhet të ushtrojmë ne, ndërsa kështu nuk kemi mundësi. Interneti gjithashtu mund të mbarojë gjatë ditës. Atëherë nuk mund të vijojmë mësimet. Ndonjëherë vetë aplikacioni Microsoft Times mund të na nxjerrë nga klasa. Disa profesorë mund të mos jenë në gjendje të sigurojnë material të mjaftueshëm. Kur shkojmë në shkollë është më mirë. Mund të pyesim ndërsa në online mësimin nuk ndihemi mirë, nuk jemi të relaksuar”, thotë ajo.
Nga Ministria e Arsimit dhe Shkencës (MASH) për Radio MOF pretendojnë se së bashku me institucionet e tjera ata siguruan të drejtën e arsimit për çdo fëmijë në kushte pandemie.
Sipas Ministrisë së Arsimit dhe Shkencës, semestri i parë përfundoi me mbi 90% të nxënësve që ndoqën me sukses online mësimin. Gjithashtu, sigurohen edhe orë 15 minutash në gjuhën maqedonase dhe shqipe sigurohet në Televizionin Nacional.
“Për më tepër, mësuesit janë në komunikim të vazhdueshëm dhe u japin materialeve mësimore të shtypura nxënësve që nuk janë në gjendje të ndjekin mësimin në distancë. Numri i nxënësve që ndjekin me sukses orët në internet në semestrin e dytë po rritet si rezultat i aktiviteteve të Ministrisë së Arsimit, vetëqeverisjeve lokale, autoriteteve të shkollës, organizatave të shoqërisë civile dhe kompanive me përgjegjësi shoqërore për të siguruar pajisjet e nevojshme dhe pajisjet e TI-së për nxënësit”, thonë nga MASH.
Sidoqoftë, problemi me mësimin online tashmë është evidentuar përmes hulumtimeve. Gjatë pushimeve verore (qershor-gusht 2020), “Reaktor” me mbështetje financiare nga UKAID dhe UNICEF dhe në bashkëpunim me Ministrinë e Arsimit dhe Shkencës dhe Byronë për Zhvillimin e Arsimit, tregoi që 77% e mësuesve në një moment nuk mund të hynin në kontakt me disa nga nxënësit. Aksesi në internet dhe pajisje kompjuterike ishte gjithashtu një pengesë për disa familje, ku 37% të prindërve kanë deklaruar se fëmijët e tyre duhej të ndanin laptopë ose kompjuterë me anëtarët e tjerë të familjes.
Kërkimi i mujait shkurt 2021 i LEAD ka treguar se vetëm 9% e mësuesve kanë përdorur Platformën Kombëtare për mbajjten e online orëve. Vetëm 35,9 përqind e nxënësve e vlerësuan semestrin e parë të vitit 2020/2021 si “shumë të mirë” ose “të shkëlqyeshëm”. Në të njëjtën kohë, mbajtja e online orëve nuk ishte plotësisht e sigurt.
Pasojat psiko-sociale
Pothuajse të gjithë të rinjtë e kontaktuar nga Radio MOF e përshkruajnë shëndetin mendor si “një nga sfidat më të mëdha”. Prandaj, se situata me pandeminë nuk është aspak naive flet edhe psikologu Ana Poprizova nga shkolla e mesme “Orce Nikollov”. Më e theksuar, veçanërisht në vitin e parë dhe të dytë, është ajo që Poprizova e quan “një lloj i ri ankthi” në lidhje me online mësimin.
“Shumë nxënës përjetojnë pikërisht sulme nga shqetësimi. Ndjenja e hapjes së kamerës. Pastaj, ‘duhet të përgjigjem diçka, dhe kam kohë të kufizuar’. Gjithashtu, ‘të gjithë po më shikojnë nga klasa, unë jam në qendër të vëmendjes’. Këto pyetje i shqetësojnë ata. Në vitin e dytë, nëse marrim parasysh se ata ishin së bashku për një gjysmë vjetor, ajo frikë dhe presion është shumë më i lartë, fëmijët tashmë janë të somatizuar, ata fillojnë të kenë një problem në të folur, kanë dhimbje barku, të vjella … “, thotë Poprizova.
Në vitin e tretë dhe të katërt, ata bëhen apatikë. Përfshirja e rrjeteve rezulton me mbingopje.
“Mendoj se ka një rënie të përgjithshme të interesit për shkollën. Ata janë më të disiplinuar, më pasivë. Thjesht, sikur humbasim interesin dhe kureshtjen për të mësuar, motivimin për arritje të larta. Vetë psikoza që sjell pandeminë – ri pezull në ajër. Të gjithë njohin dikë që ishte i sëmurë, ai vetë ka qenë i sëmurë dhe disave ju kanë vdekur të afërm. Dhe e gjithë kjo po zgjat shumë ”, thotë Poprizova.
Gjëra pozitive nga pandemia dhe pas pandemisë?
Sipas të riut Filip Popovski, së shpejti do të ketë koncerte, ahengje, ekspozita. Me masa, me distancë, me gjithçka që duhet, por kultura do të marrë hov.
“Mendoj se tani e tutje mund të jetë më mirë, kur ngjarjet rikthehen në jetë. Të gjithëve na mungojnë. I shohim në Facebook, YouTube, në TV. Por kur të vijnë drejtpërdrejt – ju do të dëgjoni, përcillni, bëni çfarë do qoftë, mjafton të jeni atje! Do të jetë një ‘rikthim’ në nivelin e duhur!”, thotë ai.
Kjo periudhë për të ishte 50/50. Koha për t’iu përkushtuar shtëpisë, që ishte një anë pozitive, ndërsa negative që nuk ka shoqërime. Megjithatë, është i lumtur që jetojmë në kohë kur gjithçka është në dispozicion për ne.
“Internet dhe komunikime. Do të lëshohesh në Viber, Messenger, Zoom. Mund të komunikosh dhe të shihesh, madje ‘të bësh muzikë’ me njerëz. Nuk është fizike, por gjithsesi keni komunikim. Përsëri ngushëlloni veten se ‘hajde, do të bëhet mirë”, thotë Popovski.
Dhe për gjimnazisten Anastasia është e trishtueshme që ata nuk mund të shihen me miqtë, në ditëlindje ose të ngjashme, gjatë viteve më të mira të jetës. Pozitive është se kanë kohë për t’iu kushtuar hobeve të tyre. Edhe ajo kërkon evente kulturore, por nën kontroll, për të ruajtur atë aspekt shoqëror.
“Jam vullnetare në Kryqin e Kuq, jam pjesë e Klubit të Lexuesve. Gjithçka që mund të transferohej online, është transferuar tashmë në internet. Bëhen përpjekje të ruhet jeta shoqërore e të rinjve, por përsëri, nuk është njëjtë. Nuk ka ndërveprim të drejtpërdrejtë”, thotë Anastasia.
Teodora Lazarevska nga Delçeva apelon për durim. Për të vlen thënia “thjesht duhet të ndjekim rregullat dhe gjithçka do të jetë në rregull”. Ndërkohë, mendon se është mirë që aktivizmi po përhapet në internet, veçanërisht pasi vjen nga një qytet ku aktivizmi është pothuajse inekzistent.
“Tani është më e lehtë për mua të marr pjesë në aktivizëm përmes organizatave, sepse të gjithë janë transferuar online dhe po pranojnë vullnetarë nga e gjithë Maqedonia, jo vetëm nga Shkupi. Më parë, unë duhej të udhëtoja për në Shkup me autobus për tre orë vetëm për një aksion. Nuk mund ta përballoja. Verën e kaluar kam marrë pjesë në shkollë për diskriminim me Equalis dhe bëmë video. Mesazhi mund të përcillet edhe në atë mënyrë, nuk ka nevojë që gjithçka të bëhet në terren”, tha Lazarevska.
Bojan Shashevski