Авиокомпаниите ширум светот ги запреа своите летови. Земјите ги затворија границите и им наредија граѓаните да седат дома.
Појавата на коронавирусот го ограничи нашето движење, но не мора да ја ограничува нашата имагинација. Еве 10 начини на кои сè уште можете да го видите светот во време на излолација – преку неверојатни видео стримови од различни места на планетата.
1.Слоновите во Јужна Африка
Овој стрим доаѓа од баричката во паркот за слонови Тембле, во близина на границата на Јужна Африка со Мозамбик. Поголем дел од времето на оваа видео може да се видат по најмалку неколку слона, а понекогаш моѓе да се наиде и на леопарди, лавови, нилски коњи или бизони, но и мали антилопи кои доаѓаат за да се напијат вода.
2. Тајм Сквер, Њујорк
Можеби едно од најпрометните места во светпт, во нормални времиња, сега срцето на Менхетен дури и морничаво тивко, додека градор се справува со своите 50 000 потврдени случаи на коронавирус. Сепак, блескавите рекламни паноа се уште го осветлуваат Тајм Сквер во Њујорк.
3. Лапонија
Снимките од 360 степени доаѓаат од длабокиот снег на северна Финска, над Арктичкиот круг. Нормално, малото село Кангос е биде домаќин на туристи кои ги мами митологијата на северна Финска и нејзините мистериозни џуџиња. Но, деновиве, тоа е уште помирно од вообичаеното.
4. Тајландска плажа
Ова е местото што треба да го гледате ако сакате да се опуштите со спектакуларно зајдисонце, секој ден. Снимката доаѓа од белата плажа на островот Кох Самуи, на Тајланд, каде се чини дека луѓето практикуваат социјално дистанцирање на навистина задоволувачки начин.
5. Северните светла
Овој стриме доаѓа од провинцијата Манитоба, во Канада. Ако го посетите додека е ноќно време таму, и е јасно, ќе ги видите аурора бореалис во полн ек, бидејќи магнетното поле на нашата планета комуницира со наелектризирани честички од Сонцето.
Во моментов сме надвор од сезоната на северните светла, но сепак е прилично спектакуларно. На небото, во четвртокот, се појави зелената светлина.
6. Венеција
Еден од најубавите и најпосетуваните градови во светот е затворен. Италија го забележа најлошото од појавата на коронавирус и ниту една земја нема пријавено толку многу смртни случаи. Како резултат на тоа, Венеција и остатокот од земјата се наоѓаат под строги мерки на карантин.
7. Горилата во Африка
Оваа место, кое работи дење и ноќе – го покажува животот на горилата , во центарот за конзервација на горила во источна Демократска Република Конго.
Ова е местото каде живеат околу 300 горили – околу 8% од вкупниот свет. Овој пренос во живо е еден од многуте што го одржува explore.org.
8. Токио
Слично како Тајм Сквер во Њујорк, преминот Шибуја во главниот град на Јапонија нормално би бил еден од најпрометните места во светот. Мирно, но не и целосно запрено. И, како што покажува ова видео, луѓето се обидуват да ја задржат социјалната дистанца едни од други.
9. Норвешка со воз
Добро, ова не е видео стрим во живо – туку е серија на долги, претходно снимени видеа, измонтирани заедно, прикажувајќи сценско патување со воз помеѓу Берген и Осло.Патувањето нуди неверојатен приказ на норвешките фјордови, езера и шуми со снег.
10. Вселената!
Ова е можеби најспектакуларниот пренос во живо, над сите нив. Доаѓа од Меѓународната вселенска станица.