Компанијата Гугл ја објави својата годишна листа на најпребаруваните поими за 2020 години со кои се добива увид за тоа кој биле најзначајните моменти во годината која изминува.
Разбирливо, годината која ја одбележа пандемијата со Ковид-19 се отсликува и во нивните трендови, каде поимот коронавирус е зборот кој бил најчесто пребаруван на нивната платформа глобално.
Меѓу првите пет најбарани поими се уште и „изборни резултати“ – информации за американските избори, „Коби Брајант“ – славниот американски кошаркар кој загина во хеликоптерска несрежа, „Зум“ – најкористената програма за видео повици во моментов и „ИПЛ“ – Индиската премиер лига во Крикет.
Иако Северна Македонија ја нема помеѓу податоците кои ги објави Гугл, сепак интересни се и резултатите од пребарувањата од државите кои не окружуваат за кои компанијата објави поединечни извештаи.
Во Србија, на пример, најпребаруван поим во 2020 година бил „Google Classroom“, платформата преку која се изведуваше онлајн наставата во земјата, по што следуваат „коронавирус“, „Избори во Америка“, „Коби Брајант“ и „Исидора Бјелица“.
Во Хрватска најпребаруван поим бил „коронавирус“, додека во првите пет се уште и „Google Classroom“ и „Office 365 за училишта“, како и „Земјотрес Загреб“ и „Коби Брајант“.
Во Бугарија „совети коронавирус“ и „новости коронавирус“ било најпребарувано оваа година, по што следува страната worldometers на која се следат статистиките за Ковид-19. Меѓу најпребаруваните поими се уште и „единствен информациски портал“ и „вонредна состојба“.
Во Грција најпребарувано било „eclass“ платформата која таму се користи за учење на далечина по што следуваат поими поврзано со коронавирусот.