Продажбата на канабис во Холандија се зголеми за време на пандемијата со коронавирусот, пренесува „Н1“.
„Коронавирусот за нас е добар“, вели со насмевка Кармелита, сопственичка на кафуле што имало до 350 клиенти дневно пред пандемијата. Периодов нејзиното кафуле има уште една третина повеќе клиенти.
По првиот карантин во Холандија во март минатата година, љубителите на марихуана почнаа да паничат дека нема да можат да дојдат до неа. Тогаш, пред „кофи-шоповите“ имаше долги редици.
Но, додека рестораните и ноќните клубови останаа затворени, марихуана можеше да се купи во „кофи-шоповите“ за „носење“.
Од 1976 година во Холандија е дозволено пушење хашиш и марихуана кои можат да се купат во специјализирани кафулиња. Само во Хаг кој е административно седиште на земјата ги има околу триесетина.
„Претходно луѓето одеа во дискотеки, но сега кога е се затворено остануваат дома каде што пушат повеќе“, рече Кармелита.
Студија на истражувачкиот институт за ментално здравје и зависност „Тримбос“ покажа дека 90 отсто од холандските корисници на марихуана пушеле иста количина или повеќе од почетокот на пандемијата. Три четвртини од нив дури и секој ден.
Фото: Cbdoracle