Коронавирусот нема да спречи нови содржини на „Нетфликс“, компанијата подготвена за неколку месеци

Коронавирусот го претвори Холивуд во град на духови. Целосната продукција, од телевизиски шоуа па сè до играни филмови, е моментално паузирана бидејќи големи делови од земјата остануваат затворени.

Додека изолацијата го прекина снимањето на популарните програми, се чини дека „Нетфликс“ е најдобро подготвената компанија. Во гостување на „CNN“, шефот на содржини на „Нетфликс“, Тед Сарандос изјавил дека гигантскиот сервис за стримање веќе остварил толку многу содржина што корисниците нема да забележат пад на пристапни содржини.

„Ние работиме однапред. Одеднаш ги објавуваме сите епизоди од сериите, имаме остварено многу и нема да има прекин на нови содржини во неколку наредни месеци. Само доколку оваа ситуација се задржи подолго, ќе почуствуваме некои од проблемите, бидејќи продукцијата нема да работи“, одговорил Сарандос на прашањето дали „Нетфликс“ ги исцрпила сите свои нови содржини.

Тој, истотака истакнал дека „Нетфликс“ го одржува креативниот процес за тековните содржини преку видео-конференции. За анимираната серија „Бигмаут“, Сарандос истакнал дека компанијата одржала онлајн читање на идеи со повеќе од 40 луѓе.

Сепак, Сарандос заклучил дека коронавирусот предизвикал масивен прекин во снимањата и додал дека сите „Нетфликс“ продукции се затворени на глобално ниво, настан што, според него, не се случил досега во историјата

Тој соопштил дека сите екипи кои работат на програмите ќе добијат платен одмор за две недели во изолација, а следејќи го примерот на сличните компании во Калифорнија, вработените во „Нетфликс“ во догледна иднина ќе работат од дома.

„Навистина се трудиме да го задржиме деловниот однос во променливи времиња. Се надевме дека ова на некои ќе им донесе финансиска сигурност, но и емоционален комфорт“, воочил тој.

Сарандос споменал дека луѓето дефинитивно проследуваат повеќе содржина, но и дека компанијата добро го поднела растот на сообраќајот.

Сервисот за стримање ја намали брзината на преносот во Европа за да го намали користењето на дата во овој реон. Иако сè уште нема индикации дека „Нетфликс“ ќе постапи исто и во САД, Сарандос рекол дека компанијата ќе презеде мерки доколку потребно.

Извор:BGR