Само десет мега-корпорации во САД контролираат се што се продава на пазарот, од производи за домаќинството, храна за миленичиња па до производи како што се фармерките.
Според оваа шема, направена преку податоците од Reddit , наречена „Илузија на избор“, синџирот го прават само десет мега-корпорации. Имињата се добро познати, но неверојатно е да се види како тие меѓусебно се испреплетуваат кога станува збор за производство и за освојување на пазарот.
Како се одвиваат врските? Картата покажува цел микс од мрежи, па одредени компании можат да бидат замо сопственици на еден производ, да имаат удели и акции , или може да бидат партнер со нивната филијала од мрежи. Така на пример , Кока-Кола не го поседува Монстер, но дистрибуира енергетски пијалаци.
И ова не се однесува само на компаниите со производи за широка потрошувака. Ваквите групирања се појавуваат и кај медиумите. Последниве децении, вестите и информациите, односно 90 % од медиумите се контролирани од само шест компании, за разлика од 50 компании колку што имало во 1983 година, покажува , според инфографикот подолу изработен во текот на минатата година.