Се подготвува смена во владиниот кабинет – Панче Кралев заминува од позицијата министер за образование и наука, а на негово место доаѓа министерот за Труд и социјална политика, Спиро Ристоски, јавува порталот Денешен. Нов министер за труд и социјална политика ќе биде Диме Спасов, поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт, а во Министерството за труд доаѓа од позицијата директор на скопскиот Катастар.
Предлогот за ротација на министерските места веќе е доставен со Собранието на Република Македонија и најверојатно во текот на неделата ќе се најде на дневен ред.
Според текстот во Денешен, веќе подолго време се најавувала смена на министерот за образование и наука, Панче Кралев. Неговата смена доаѓа непосредно по случувањата со екстерното тестирање, кое предизвика незадоволство во јавноста.
Неколку портали објавија и скенираната оставка на досегашниот министер за образование и наука Панче Кралев, во која се вели дека тој заминува од функцијата поради лични причини:
Извор: Денешен