Краткиот документарен филм „Мини поглед Берлин “ (МiniLook Berlin) е независен проект на Ефим Грабој (Efim Graboy) и Дариа Туретски (Daria Turetski ), во продукција на студиото „Окапи“ од Тел Авив.
Филмот се работел во текот на 2 години и е еден вид симфониско љубовно писмо до градот направено од 142 069 фотографии.
„Замислете дека нашиот свет може да стане играчка во очите на публиката. Градот полека се претвора во минијатурен свет. Ова е приказна за еден ден во минијатурен Берлин“, велат авторите.
Во филмот нема нарација и дијалог, приказната е раскажана исклучиво преку слики и музика .
MiniLook Berlin from Okapi on Vimeo.
Извор: Окно/Vimeo