Уметниците треба да се ангажираат со „креативен активизам“ за да помогнат во борбата против расизмот, сметаат креаторите на театарската аудио-драма инспирирана од полициското убиство на Џорџ Флојд, која ќе ја заземе централната сцена на првиот голем британски фестивал на уметноста по Ковид-19, објави Гардијан.
„846“ на Рој Вилијам ќе биде прикажана во живо на финалниот ден на интернационалниот лондонски фестивал „Гринвич + Доклендс“ во септември. Тоа е збирка на повеќе од десетина кратки аудио-драми од британски црнечки драматурзи, од кои беше побарано да напишат нешто како одговор на смртта на Флојд. Иницијативата првично тргна од Фејсбук група.
„Мислам дека имаше дел од мене кој едноставно можеше лесно да се тргне настрана и рече: ‘Сум го слушнал ова и претходно’, но, овојпат, имаше нешто поврзано со брановите на протести, па почувствував дека сакам да учествувам“, вели Вилијамс.
Насловот се однесува на должината на времето – осум минути и 46 секунди – онолку колку што полицискиот службеник Дерек Шавин го држеше коленото на вратот на Флојд.
Клинт Даер, еден од драматурзите што ја пишуваше „Смртта на Англија“, учествува на серијалот. Тој првично ќе биде објавен како подкаст, за потоа да биде емитуван во живо на одложениот фестивал меѓу 28 август и 12 септември. Ќе биде изведен на кошаркарско игралиште со името „846 во живо“.
Според Надија Фол, уметничкот директор на „Театар Ројалд Стратфорд Ист“, домаќин на подкасот на својата веб-страница, делото е „креативен активизам“ инспирирано од смртта на Флојд, скандалот „Виндраш“ и движењето „Црните животи значат“.
„Сакаме да направиме работа што поттикнува можност за промени“, вели таа.
14-те делови од „846“ се долги само по неколку минути. Вилијамс и останатите драматурзи се инспирираа и од свои лични искуства со расизам за да создадат дело што Фол го карактеризира како „огледало на општеството“. Аудио сегментите ќе ги изведуваат актери како Папа Есиеду од „I Мay Destroy You Fame“, Ковна Холдбрук-Смит и Џејџ Анука.