Во изминатата година во рамки на Столарскиот едукативен центар беа направени интерeсни предмети, куќи-столчиња за на „Д Фестивал“, па дури и статуетка како награда за најеко-филм за „Ехо“ – меѓународниот филмски фестивал. Сега дојде ред да се направи спој на пасијата за возење велосипед и столарството и да изработи вело-трофеј.
Во периодот од 19 до 24 јуни, секој ден во попладневните часови, Центарот ќе организира отворена работилница каде учесниците ќе ја изразат својата креативност и ќе изработуваат вело трофеј.
„Како и до сега, материјалите кои ќе бидат користени се остатоци од индустријата за мебел, па покрај тоа што ќе намалуваме потенцијално создавање на отпад, ќе придонесеме и за складирање на СО2 со тоа што парче дрвен материјал наместо да биде изгорен или фрлен да скапува, ќе биде зачувано во предметот кој што ќе го изработите, односно во вело-трофејот. За да овозможиме уште по голема креативност, во изборот на материјали ќе додадеме и стари делови од точаци кои ги имаме од Педала,а и делови кои ни ги доделува Bicycle.mk“, велат од Центарот.
Учеството на работилницата е бесплатна. Плус, секој кој ќе изработи вело-трофеј ќе биде награден со 10 часа бесплатно користење на Столарскиот едукативен центар во рамки на термините за Закажување на столарска работилница.
Бројот на учесници е ограничен на 10 лица, на принципот прв пријавен – прв услужен.
„Предметите, вело-трофеите, кои ќе бидат изработени во рамки на работилницата ќе бидат подарени на општините од Скопскиот плански регион, кои најмногу се залагаат за да овозможат пријатни услови за велосипедистите, со цел да ги поттикнеме да се залагаат уште повеќе за доброто на велосипедистите“, соопштува Центарот.
А кои ќе бидат тие општини, може да се одбер на следниот линк: https://shorturl.at/rBFW4
Услов за пријавување на оваа работилница е учесниците да се полнолетни, и да имаат искуство во работа со алати.
Пријавување на следниот линк: https://forms.gle/32a9Hvv8HAYa8jrU6