Во среда (27 март) во Пробиштип ќе се одржува креативна работилница во која главна тема ќе биде развивањето на еколошката свест.
На работилницата ќе биде претставен поимот 3Р, односно редуцирање, реупотреба и рециклирање.
„Дојдете да погледнеме неколку филмови кои се создадени да ја разбудат свеста за заштитата на животната средина во која живееме. Дојдете за да го кажете своето мислење и да бидете слушнати, да размениме искуства, идеи, предизвици. Дојдете да покажеме дека има некој кој всушност се грижи за животната средина во која живееме. Дојдете за да покажеме дека и малите чекори значат многу. Дојдете за да покажеме дека сме спремни да се промениме себеси за да го промениме светот. И најпосле, но не и помалку важно, дојдете да се дружиме“, стои во повикот за работилницата.
Работилницата ќе се одржи во СОУ „Наум Наумовски – Борче“, со почеток во 12 часот.
Таа е наменета за средношколци, кои се од или учат во Пробиштип и млади (до 30 години).
Пријавувањето се врши на: m.jacevska@gmail.com, со Subject: Трипати кажи Р.
Рокот за пријавување завршува утре – 25 март.
Агенда:
12:00 – 12:15 Регистрација на учесници
12:15 – 12:30 Вовед: Што е активноста “3Р – Редуцирај, реупотреби, рециклирај“?
12:30 – 14:00 Сесија 1: Екологијата низ призма од краткометражни филмови
14:00 – 14:15 Кафе пауза
14:15 – 14:35 Сесија 2: Запознавање со концептот „3Р“
14:35 – 15:15 Дискусија: Моменталните еколошки проблеми и развивање на можни решенија
15:15 – 15:30 Заклучоци