Креативно решение за проблемот „спиење на фестивал“

Ако однапред не резервирате соба во близина на познатите музички фестивали, подоцна да се најде место за спиење станува речиси невозможно. Кампувањето бара многу подготовки и време, а очекувањата дека некој пријател ќе ве „прибере“ честопати пропаѓаат.

2

Координаторот за социјална работа и иноватор Barbara Vanthorre, за првпат почнува да размислува за овој проблем во текот на нејзиниот престој на десетдневниот фестивал во Белгија „Gentse Feesten“. Проблемот бил како да се креира место за спиење кое ќе биде евтино, добро, а за кое нема да биде потребен голем простор.

Идејата дошла кога една пчела влетала во пијалокот на иноваторката. Таа одлучила да креира дрвена структура на саќе со место за спиење. Колонијата „B-and-BEE“ може да има до четири ката, но должината на структурата е технички ограничена. Секое место во колонијата е направено од дрво и во него може да се смести голем кревет.

За одржувањето на секој објект е задолжена компанијата „Compaan“ а Vanthorre соработува и со „зелената“ компанија „Labeur.be“ која ги обучува неквалификуваните работници како да работат со дрво.

Новите соработници на Vanthorre „Achilles Design“ и бизнис консултантите „One Small Step“ сега размисуваат како да го искористат „В-and-BEE“ за домување по големи катастрофи. Но се чини ова е само почеток, откако проектот доби грант од белгиската влада за првото претставување на фестивалот „Gentse Feesten“.

1

3

5

6

4

 

Извор: Fastcoexist