Учениците од струмичката гимназија „Јане Сандански“, кои јавноста ги запозна по одличните резултати, но и по успесите на училишниот хор, повторно привлекуваат внимание. Овој пат, нивната креативност доаѓа до израз во несекојдневните фотографии за матурскиот алманах и табло.
Секоја паралелка подготвува свој креативен начин за да се „прости“ од своето училиште. Креативните матуранти се фотографираат тематски, потоа ги објавуваат своите фотографии на официјалната фејсбук страница. Страницата, освен известувања за активностите, натпреварите и проектите, вклучува и многу иновативни идеи од учениците, меѓу кои колумни од нив или од професорите.
За успешни слики е задолжен цел тим фотографи-ученици и процесот на фотографирање ќе трае до мај. Засега се објавени фото-албуми на пет паралелки, а нивните креативни идеи може да ги следите на официјалниот сајт.
Погледнете ги и другите фотографии на струмичките матуранти:
Извор: Cooltura.mk